Економија
Парите вложени во енергетска ефикасност ќе се вратат за 6,5 години
Преку Проектот за одржлива енергија, со кој се изградија јавни згради во повеќе општини, се обезбеди заштеда, а проектот поддржан Глобалниот еколошки фонд се покажа како добар, порача министерот за економија Ваљон Сараќини на работилницата за енергетска ефикасност.
Имено, со Проектот за одржлива енергија, кој претставува грант во износ од 5,5 милиони долари добиени од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а се имплементираше од страна на Министерството за економија во соработка со Светската банка, се спроведоа мерки за енергетска ефикасност во јавни згради т.е. училишта и градинки.
Основната цел е создавање на пазар за услуги за енергетска ефикасност и обновлива енергија, поддржувајќи го развојот на соодветно опкружување, институционален капацитет и непходни механизми за финансирање.
„Преку ГЕФ проектот кој се одвиваше во две фази, вкупните заштеди од првата фаза на Проектот изнесуваат околу 209.000 долари (9,8 милиони денари) односно во просек 35.000 долари (1,6 милиони денари) по општина. Тоа значи дека инвестираните средства за мерките за енергетска ефикасност ќе се вратат во просек за шест и пол години. Ова покажува дека енергетската ефикасност е добра инвестиција, и дека не претставува прост еднократен трошок“, информираше министерот Ваљон Сараќини.
Во првата фаза, каде изведбените работи започнаа во октомври 2011 година и во најголем дел од општините завршија на почетокот на април 2012 година, се спроведоа мерки за подобрување на енергетската ефикасност на училишта и градинки во општините, Боговиње, Гази Баба, Зајас, Чешиново-Облешево, Кисела Вода и Кавадарци во вкупен износ од 1,4 милиони долари. Беа реконструирани 18 згради и тоа пет градинки и 13 училишта.
„Во август минатата година започна втората фаза од спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност врз основа на кофинансирање со општините. Општините беа избрани врз основа на објективни и транспарентни критериуми, кои беа договорени со Светската банка. Во втората фаза највисоко беа рангирани оние општини кои понудија највисок износ за кофинансирање и тоа како апсолутен износ и како релативен износ од нивниот буџет за 2010 година“, објасни министерот, потсетувајќи дека мерки се спроведуваат во општина Чаир, Валандово, Конче, Желино, Петровец, Кавадарци и Пехчево каде ќе бидат опфатени 23 општински згради (училишта и градинки) за вкупен износ од 2,5 милиони долари.
Придобивките кои произлегуваат од проектите за енергетска ефикасност, додаде министерот, се создавање на нови работни места, заштеда на енергија и поголема сигурност за снабдување со енергија, а конкретно за Република Македонија, која што е нето увозник на енергија, енергетската ефикасност значи помала потреба за увоз на енергија, а со тоа и помала емисија на стакленички гасови.
Денис Бошковски, претставникот на Светска банка во Македонија, рече дека инвестициите во енергетската ефикасност значат и одговорност во трошење на јавните финансии, обид за заштита на животната средина и едукација на граѓаните.
„На глобално ниво подобрувањето на енергетската ефикасност во јавниот сектор е чекор кон намалување на емисијата на стакленички гасови. Со овој проект Македонија активно учествува во обидите за намалување на штетните влијанија врз животната околина предизвикани од климатските промени“, додаде Бошковски.
На работилницата исто така се дискутираше за придобивките и практичните аспекти на проектите за енергетска ефикасност, како и за перспективите и модалитетите за идните активности на Министерството за економија и Светската банка во областа на енергетска ефикасност.
„Општина Чаир аплицираше со максималниот дозволен износ за софинансирање на мерки за енергетска ефикасност во износ од 250.000 долари т.е. 11.250.000 денари, поради што беше највисоко рангирана за учество во втората фаза на ГЕФ Проектот, истакна Меџити,додавајќи дека се реализира и проектот за Модернизација на системот за јавно осветлување, преку проектирање, инвестиции, оддржување и развој во Општина Чаир
„Нашите следни активности се Гасификација на општина Чаир (дистрибутивен систем за природен гас), воведување на топлификациони системи на биомаса за загревање на училшта, детски градинки и спортски сали, преку моделот на ЕСКО Компании,како и автоматско управување и контрола на системите на загревање во јавните објекти“, информираше Меџити.
Имено, Министерството за економија во соработка со Светската банка развива Национална програма за енергетска ефиканост во јавни згради којашто ќе биде доставена за разгледување и усвојување од страна на Владата во наредниот месец./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

