Култура
Израелската офанзива на Газа влезе во трета недела

Израел и покрај апелите од меѓународната зедница за прекин на огнот гонапаѓа појасот Газа од воздух, од копно и од море.
Израел и покрај апелите од меѓународната зедница за прекин на огнот гонапаѓа појасот Газа од воздух, од копно и од море.
Израелската офанзива на Газа влезево трета недела, а само ноќеска и изутрината беа извршени 40-тина напади.
Цели на нападите, според Израел семагацини за оружје и тунели за шверцување долж границата со Египет, апалестински извори тврдат дека се бомбардираат испразнетите домови во околинатана Газа, Хан Јунис и Беит Лахија.
Во изминатите петнаесет денови сеизвршени бројни инциденти кои според високиот комесар за човекови права наОбединетите нации Нави Пилај може да се оквалификуваат како воени злосторства.
Според Пилај тоа се оневозможувањена пристап до ранетите, ракетирање на зграда во која биле сместени стотинапалестински цивили и напад врз возило на Обединетите нации.
Светската организација на нападотодговори со прекин на делење хуманитарни пакети, се додека Израел не јагарантира безбедноста на припадниците на ОН. Се очекува денеска 1,5 милионижители на Газа, од кои повеќето се соочени со хуманитарна катастрофа, дадобијат помош
Досега загинаа околу 800 Палестинци,а се проценува дека секоја трета жртва е дете.
Израелската страна брои 13жртви, од кои тројца цивили.
И Израел и Хамас ја отфрлијарезолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се баранеодложен прекин на огнот, а се поизвесен е и неуспехот на египетскиот мировенпредлог. Него ќе се обиде да го спаси палестинскиот претседател Махмут Абас,кој денеска треба да допатува во Каиро на разговори со египетскиот претседателХосни Мубарак. И Хамас упати свои претставници во Каиро.
Фатах движењето на Абас владее наЗападниот брег, а во Газа има многу мало влијание./крај/24/мп
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.