Забава
Њујорк на бездомниците им купува билети во еден правец
Повеќе од 550 бездомни семејства го напуштиле Њујорк од 2007 година, откако градот почна на луѓето кои немаат покрив над главата да им купува билети
Повеќе од 550 бездомни семејства го напуштиле Њујорк од 2007 година, откако градот почна на луѓето кои немаат покрив над главата да им купува билети во еден правец.
Администрацијата на градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг сака да ги намали трошоците за засолништа за бездомници. Едно бездомно семејство градот и даночните обврзници ги чини 36 илјади годишно и Њујорк за да ги смали трошоците на бездомниците им купува карти за еден правец за авион, воз или брод.
Единствен услов е роднини или пријатели на бездомниците да се согласат да им понудат привремено преноќиште. Далечината не важна – досега во други американски држави и на сите пет континенти се раселени бездомници од Њујорк. Досега никој не се вратил.
Критичарите сметаат дека ова е само „козметичка мерка“. Њујорк не прави ништо посебно за бездомниците. Тие и натаму остануваат без свој дом, само што се на друго место, смета њујоршкото здружение за бездомници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна ја заврши музичкта турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание бидејќи предизвикаа и лавина коментари на интернет.
Дуа позира во минијатурно бикини во леопард-принт, кое ги нагласуваше нејзината завидна фигура и обликуваното тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.
Забава
(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“
Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот – се откажа од некои лоши навики и успеа да ослаби 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки.
Ед позира за насловната страница на списанието Men’s Health и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослаби. Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.
View this post on Instagram
„Мојата најдобра пријателка беше кај мене и пиевме вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски со децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рече тој.
Па наместо пиво по настап, Ед почна да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди во пабови и кафулиња – по концерт, оди директно во својата хотелска соба.
Самиот Ед Ширан сподели фотографии од себе на „Инстаграм“ и откри некои детали од својата трансформација во описот.
„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапи и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам овие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Обожавам црвено вино, обожавам добар оброк, но не секој ден“, напиша Ед.

