Економија
Штедењето само посебе нема да ја спаси Грција, смета Обама

Штедењето не може да биде единствената мерка којашто ќе ѝ помогне на Грција да се справи со кризата, изјави американскиот претседател Барак Обама кој во четвртокот го прими во Белата куќа, грчкиот премиер Антонис Самарас.
„Се согласивме дека за надминување на тешкотиите со кои се соочува Грција, не може само да се потпираме на стратегијата на штедење. Важно е да се остварува планот за фискална консолидација за справување со долгот, но исто така е важно напорите да бидат фокусирани на економскиот раст и создавање работни места места“, рекол Обама.
„Сметам дека премиерот Самарас има намера да преземе жестоки мерки коишто се неопходни, но, исто така, што може да се разбере, да обезбеди грчкиот народ ја види светлината на крајот од тунелот“, рекол претседателот на САД.
Од своја страна, Самарас изјавил дека на неговата земја ѝ е неопходна поддршката од Европската унија, за да постигне економски раст.
„Му кажав на претседателот дека во Грција невработеноста на младите достигна неверојатна бројка – 60 отсто, а вкупната стапка на невработеност е 28 проценти. Грчкиот народ жртвуваше повеќе од четвртина од БДП-то во последните четири години. Така што, по дефиниција, неопходно е да се фокусираме на создавање работни места“, рекол Самарас.
Грција којашто е во рецесија веќе шеста година, за излез од должничката криза која на почетокот изнесуваше 380 милијарди евра, добива финансиски пакети помош кои достигнаа износ од 240 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. За возврат Атина мора да ги спроведува непопуларните мерки за штедење кои предвидуваат намалување на буџетските расходи, зголемување на даноците и намалување на јавната администрација.
Обама и Самарас, покрај политичките прашања се регионот, исто така, разговарале и за ситуацијата во регионот, за ресурсите на енергија коишто Грција има намера да ги експлоатира./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.