Култура
Русија подарува авиони на Либан
Русија ќе подари10 авиони од типот Миг-29 на Либан, јавуваат денеска руските агенции,повикувајќи се на руската служба за воена и техничка соработка.
Русија ќе подари10 авиони од типот Миг-29 на Либан, јавуваат денеска руските агенции,повикувајќи се на руската служба за воена и техничка соработка.
“РускотоМинистерство за одбрана реши да обезбеди 10 Миг-29 за Либан како облик на военаи техничка помош“, изјави претставникот на Службата Михаил Дмитриев.
Според него,Москва и Бејрут разговарале за продажба на руското вооружување на копненитесили на Либан.
“Сметаме декалибанската војска е главен гарант за стабилноста на оваа држава и затоа епотребно да биде зајакната“, додаде Дмитриев.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки
Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20. издание на „Танц фест“, го најавуваат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.
Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик“.
На настанот збор ќе земат: Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.
Билетите за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.
Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.
Култура
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.