Економија
Грчкиот министер за финансии очекува закрепнување во 2014 г.
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнас најави за 2014 година раст на економските активности, истакнувајќи во разговор за BBC дека минало најлошото за неговата земја.
„Дефинитивно се надѕира надеж, светло на крајот на тунелот“, рече Стурнас.Грција го забрза темпото на реформи и усвои опсежен пакет на мерки за штедење на крајот на минатата година со цел да обезбеди значителен износ на помош од меѓународните заемодавачи.„Успеавме да направиме пресврт во економијата. Берзите сега искажуваат повеќе оптимизам. Депозитите се враќаат во банките, владата ги подмирува финансиските обврски кон приватниот сектор, а се промени и начинот на кој Европа гледа кон нас. Оттука водечките показатели се позитивни. Изминавме две третини од патот кон целта“, изјави Стурнас.Тој оцени дека веројатноста Грција да излезе од еврозоната сега е многу мала.„Закрепнувањето треба да настапи во последното тромесечје од годината“, рече Стурнас, изразувајќи уверување дека во наредната година ќе биде остварен раст.„Сигурен сум, сто отсто, дека ова ќе биде последна година рецесија за Грција“, заклучи министерот за финансии, иако за оваа година се очекува пад на економските активности за 4,5 отсто. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Елена Петрова ја презеде функцијата Директор на УЈП
Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.
Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови. Нејзината биографија е достапна на следниот линк.
Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.
„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните“, изјави Петрова.
Обраќајќи се на даночните обврзници, Петрова истакна дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.
Таа изјави: „Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права“.
Петрова ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
Петрова најави бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.
Економија
Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година.
Согласно oдлуката на vлада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во pодрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, се истакнува во соопштението од ресорното министерство.