Култура
Концерт на Никола Паскалов во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва, 19:30 часот, ќе се одржи концерт на пијанистот Никола Паскалов во организација на Здружението на музичките уметници на Македонија
Никола Паскалов својот прв професионален исчекор го започнува за време на неговото образование во средното училиште при московскиот конзерваториум Петар Илич Чајковски. Во тој период, на 16-годишна возраст настапува со повеќе оркестри како и со соло рецитали на неколку фестивали со што ја започнува својата професионална кариера. Учејќи во класата на проф. Борис Романов во Москва, а потоа на ФМУ – Скопје кај истиот професор дипломира 1995 година, а своето музичко образование го заокружува на Европската Моцартова академија во Краков, Полска каде работи со повеќе визитинг професори А. Сатз, И. Роман, В. Лобанов, Ј. Витенбах, Д. Голуб, А. Нењман.Учесник е на многубројни меѓунардни семинари кај познати пијанисти и педагози: Паул Бадура–Скода, Георг Себок, Гунтер Раинхолд…Од 1998 остварува богата соработка со проф. Петер Феухтвангер. На неколку меѓунардни семинари во Салцбург и Фојхтванген се јавува во својство и на негов асистент.Во својата богата концертна дејност покрај многубројните настапи на македонската сцена: ( 8 концерти со Македонска Филхармонија, соло рецитали, концерти на камерна музика, како и настапи на фестивалите „Охридско Лето“, „Скопско Лето“, „Интерфест“ – Битола), а настапува и на меѓунардна сцена со Сараевската Филхармонија, Концерти на камерна музика организирани од Европската Моцартова академија во Будимпешта – Унгарија; Катовице, Краков и Вроцлав – Полска и Прага – Чешка Република, соло рецитали и концерти на камерна музика во Нокара и Кана – Италија, соло рецитали и настапи во Виена и Салцбург – Австрија, Лондон – В. Британија, Фојхтванген – Германија, Загреб – Хрватска. Последниот концерт го одржа во август ова година на престижниот концертен подиум во Лондон „St. Martin in the Fields“Има реализирано повеќе снимки за продукцијата на МРТВ, поранешната ЈРТ (Југословенска радио и телевизија), СЏФ рекордс, ХР (Хрватско радио), а најново е неговото ЦД снимено во живо од неговиот рецитал одржан во мај 2006 година со музика на Шопен, Рахманинов и Гласл.Никола Паскалов има широг опсег на репертоар составен од дела, како за соло пијано така и за камерна музика, од најразлични периоди, од барокот, се до современото творештво.Моментално е професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски
Во Шибеник, Хрватска во рамките на Деновите на македонската култура, во тек е изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски (2-8 декември 2025 година). Организатор на настанот е Хрватско-македонска тангента, со покровителство на Советот за национални малцинства на хрватската влада.

На отворањето присуствуваа многубројни граѓани и личност од хрватскиот (шибенскиот) естаблишмент. Посебно е поздравена ликовната рецензија која ја напиша реномираниот македонски писател Томислав Османли.

„Треба да се има на ум целото богатство на еден визионер на световите во допир кога се гледаат неговите слики во комбинирана техника, форми и колорити, раскошниот свет на Сашо Георгиевски, кој во оваа прилика ни ги подарува на препознавање своите интимно, но и универзални уметнички визии од повеќе периоди на едно богато слоевито наследство, искуство и живот“, напиша меѓу другото Османли во рецензијата.

Честитки по повод изложбата упатија Иво Јосиповиќ, Јадранка Косор, Стипе Месиќ, Златко Крамариќ, Зоран Димитровски, Милаим Фетаи, Здравко Зима, Љупчо Арсовски…

Култура
Браќата Дарден, македонска копродукција и концерти вечерва на „Синедејс“
Со вечерашниот репертоар започнува официјалната натпреварувачка програма на 24 CINEDAYS. Во двете селекции, Официјална конкуренција и СЕЕ се натпреваруваат европски филмови и копродукции кои ја претставуваат флуидноста и непосредноста на можни соработки меѓу филмските работници.
Филмот ЕРА, во режија на Парта Келменди е првата македонска копродукција која ја гледаме на овогодинешниот фестивал, а е селектиран во СЕЕ програма.
„За мене, копродукцијата на филмот ЕРА беше истовремено големо задоволство и значаен предизвик, бидејќи филмот навлегува во чувствителен историски период кој бара искрено, прецизно и автентично раскажување. Рекреирањето на деведесеттите во денешна Приштина беше комплексна задача, но под водство на режисерката и сценаристка Парта Келменди и со посветената работа на македонскиот тим – сценографот Кирил Спасовски, директорот на фотографија Наум Доксевски, монтажерот Михаил Димитров и целата останата креативна и техничка и екипа од Македонија и Косово – успеавме да создадеме филм со кој искрено се гордееме. Извонредните актерски интерпретации на Зана Бериша, Армен Смаили, Албан Укај, Мајлинда Косумовиќ и многу други, ја носат тежината и значењето на приказната со длабока свесност за нејзината културна важност. Соработката меѓу Косово и Северна Македонија во филмската уметност секогаш доаѓа природно и лесно, благодарение на блиското разбирање на нашите култури. Верувам дека ЕРА е уште еден силен пример за тоа колку успешни и вредни дела произлегуваат од ова партнерство“ – вели Марија Димитрова, која е македонски копродуцент во оваа Косовско – македонска продукција.
Во клуб МКЦ од 20:30 часот е закажан Синедејс музичкиот блок, во кој публиката ќе има можност бесплатно да ги проследи концертите на музичките групи Stoinost (Бугарија), Elizabeta Bam (Хрватска), Ubili su batlera (Србија) и Sunblinds (Бугарија). Музичката програма на фестивалот е финансирана од програмата Лајвјуроп.
Во останатиот репертоар на вечерашниов 24. CINEDAYS ќе гледате:
Кратки филмови
17 часот – режија: Флака Коколи – 19 часот 25 Мај
Пријатни летни денови – режија: Невена Десивојевиќ – 19 часот 25 Мај
АМРА – режија: Васил Христов – 20 часот Кино Фросина
Состојба на умот – режија: Александра Кардалевска – 20 часот Кино Фросина
Официјална конкуренција
Кралот Кат – режија: Ури Маранц – 19:30 часот 25 Мај
Нашата прекрасна кланица за свињи – режија: Адам Мартинец – 21 часот Кинотека
СЕЕ
ЕРА – режија: Парта Келменди – 20:20 часот Кино Фросина
Месо – режија: Димитрис Накос – 19:00 часот Кинотека
ГАЛА
Млади мајки – режија: браќата Дарден – 22:00 часот Кино Фросина
Македонија
Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.
Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.
На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.
На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.
Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.

