Економија
Ќе се вработат 1.600 социјалци во „Македонски шуми“

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, информира дека донесена е процедурална методологија за реализација на 1.600 вработувања на лица од социјално ранливите категории и тоа во „Македонски шуми“.
„Денеска е објавен оглас за 1.600 вработувања во ЈП „Македонски шуми“, кој во определен обем претставува иницијален чекор во постапката за реализација на вработувањата и тоа за лицата кои понатаму би требало да бидат распоредени на работни места во други институции, а во останатиот дел претставува и финален чекор за реализација на вработувањата за лицата кои ќе останат своите работни задачи да ги извршуваат во „Македонски шуми“, рече Ѓорѓиев.
На овој оглас за 1.600 вработувања ќе може да конкурираат лица од следните категории: по 400 вработувања за долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години се без работа, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства, невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен.
За лица со ниска стручна спрема(помошни работници), предвидени се 976 позиции, односно по 244 за секоја од претходно наведените групи, за лица со средна стручна спрема(референти), предвидени се 472 позиции и за лица со висока стручна спрема(советници, соработници), за кои се предвидени 152 позиции.
При оцена на критериумот приходи на домаќинството ќе се земе предвид состојбата на приходи на 01.01.2013 година. Лицата приматели на социјална помош ќе бидат бодирани како да немаат никаков приход. Рокот за пријавување по огласот е 30 дена, сметано од денот на објавување на огласот, заклучно со ден 22.06.2013 година.
Лицата треба да достават апликација која е веќе објавена на интернет страниците на ЈП „Македонски шуми“, на Агенцијата за вработување, и на Министерството за труд и социјална политика, документ за завршен степен на образование и државјанство на Република Македонија. Сите останати документи потребни за аплицирање на огласот ќе бидат обезбедени од страна на државните институции по службена должност.
Има обезбедено финансиски средства за реализација на вработувањата, со што се исполнети сите законски услови за реализација на вработувањата.
Дел од лицата кои ќе бидат вработени ќе продолжат да работат во рамките на ЈП „Македонски шуми“ трајно, а поголем дел ќе бидат преземени од страна на други државни институции и тие лица кои ќе бидат преземени ќе продолжат да работат во тие институции кои ги преземаат на трајна основа.
Преземањето ќе се врши врз основа на пријавени потреби на институциите. Сите институции треба да поднесат пријави за своите потреби за дефицитарен кадар до Владата и до Министерството за информатичко општество и јавна администрација. Врз основа на тие пријави, дел од овие 1600 лица кои ќе бидат примарно вработени врз основа на овој оглас во ЈП./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Славески – Сецуко: во фокусот унапредување на соработката во областа на дигитализацијата, јакнење на финансиската вклученост

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Кавахара Сецуко.
На средбата беа разменети мислења за актуелните економски движења во светот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки при зголемена неизвесност, како и искуствата од спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност.
Посебен акцент беше ставен на можностите за унапредување на соработката меѓу Народната банка и институциите од Јапонија, особено во областа на дигитализацијата во финансискиот сектор, јакнењето на финансиската вклученост и унапредувањето на вештините и капацитетот на човечките ресурси. Во таа смисла, беше истакната подготвеноста за размена на знаења и добри практики, имајќи го предвид јапонското искуство и експертиза во овие области.
Гувернерот Славески и амбасадорката Кавахара Сецуко се согласија дека постои простор за натамошно зближување и институционална соработка, којашто ќе придонесе за унапредување на економските односи меѓу двете земји.
Економија
Божиновска: Ред во изградбата на нови енергетски капацитети, за прв пат годишен план, ќе се гради она што е приоритет за државата и граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини како што е соопштено, започнува практичната примена на Законот за енергетика и воведување на транспарентен, јасен и предвидлив процес на планирање на развојот на енергетскиот систем во Република Македонија. За прв пат ќе биде изготвен Годишен план за развој на енергетскиот систем, кој ќе ги дефинира насоките за изградба на нови објекти и зајакнување на енергетските мрежи, како и насоките за развој на нови енергетски објекти во кои државата ќе се јави како инвеститор со цел стабилизација на системот и зголемување на безбедноста во снабдувањето со електрична енергија.
На интернет-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се објавени сите потребни документи за доставување иницијативи за развој на енергетски проекти, со што започнува практичната примена на Законот за енергетика и се воспоставува транспарентен, јасен и предвидлив процес за планирање на развојот на енергетскиот систем во Република Северна Македонија, велат од министерството.
Овој процес е од особена важност за државата затоа што обезбедува конкретна слика за приоритетите во развојот на енергетските капацитети и овозможува стратешко насочување на инвестициите, со цел стабилно снабдување со електрична енергија и правна сигурност за инвеститорите.
„Со овој транспарентен процес, секој потенцијален инвеститор ќе има јасна слика за потребите и приоритетите на нашата држава. Секоја иницијатива ќе биде детално технички обработена, со јасно дефинирани можности за приклучок и потребните зајакнувања на мрежата. Нашата цел е енергетскиот систем да се развива одржливо и да обезбедува стабилно снабдување за сите граѓани“, истакна министерката Сања Божиновска.
„На интернет-страницата на Министерството е објавено детално објаснување што се е потребно за поднесување на инцијатива. https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/dokumenti-file-wrMD.docx
На сајтот на министерството се достапни и сите технички и административни документи, поделени според видот на капацитетите, а со цел олеснување на процесот за потенцијалните инвеститори, обезбедување навремена подготовка за апликација и можност сите заинтересирани да ги планираат своите инвестиции врз основа на јасна слика за приоритетите на државата.
Што значи ова за инвеститорите?
• Проектите уште во рана фаза ќе бидат детално технички обработени,
• ќе се дефинираат потребните интервенции во дистрибутивната и преносната мрежа,
• за секоја иницијатива ќе се изготват варијанти за приклучок, јасно и транспарентно ќе се презентираат потребните зајакнувања и надградби на соодветните енергетски системи како и роковите за реализација,
• ќе се елиминираат несигурностите околу приклучувањето на проектите кон мрежата,
• ќе се обезбеди правна сигурност за инвеститорите и предуслови за финансиска поддршка од институциите.
Секој инвеститор – приватна компанија, физичко лице, општина или јавно претпријатие – има можност да достави иницијатива. Секоја иницијатива ќе биде анализирана според:
• видот на технологија за производство на електрична енергија,
• техничките и технолошките карактеристики на опремата,
• инсталираната моќност и балансниот капацитет,
• регионот на реализација, како и можностите за приклучок кон енергетските системи.
Рок за доставување на иницијативи за 2026 година е 30 септември 2025.
По завршување на рокот ќе биде изготвен Годишен план за развој на енергетскиот систем“, соопштија од министерството.
Економија
Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите, извести Народната банка

Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, извести Народната банка.
Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози. Имено, надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку МИПС се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките. Надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките исто така се намалени. Така, електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55%. Општо земено, банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето. Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година, велат од НБ.
Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем. Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор, се додава во соопштението.