Контакт

Култура

Премиера на „Ангели во Америка“ во Драмски театар

Објавено пред

Во Драмскиот театар привршуваат подготовките за премиерата на претставата „Ангели во Америка“ по текст на американскиот автор Тони Кушнер, во режија на гостинот од САД, Џаред Џ. Стајн

dobivaj vesti na viber

Драмата на Кушнер со поднаслов „Геј фантазија на национални теми: милениумот наближува“ претставува радикална слика за потенцијалот на човечкиот род. Кушнер зборува за слободата и демократијата, теми кој се постојана преокупација на американското општество, но иако самиот текст првично бил напишан за Америка, делува универзално на која било сцена. „Она на што се фокусира оваа претстава е Америка како идеал, но истовремено на Америка која стои на патот на остварувањето на тој идеал“, вели режисерот Стајн. Самиот наслов делува на повеќе нивоа. „Геј фантазија…“ претставува игра на зборови – во англискиот јазик зборот gay првенствено означува среќен, весел човек, а потоа упатува на хомосексуалноста. Во претставата сите машки ликови се среќни и се хомосексуалци, додека сите машки хетеросексуални ликови се играни од жени. На површината на текстот стои политичка порака, но во суштина станува збор за длабоко човечка драма.

„Ангели во Америка“ е една од најизвиканите драми во САД во последните две децении. Кушнер со оваа драма ја означи пресвртницата во историјата на американската литература и поттикна радикално преиспитување на американската политичка драма. Добитник на две награди „Тони“ и „Пулицерова награда“ за драма во 1991 година, „Ангели во Америка“ е преведена на многу светски јазици и е поставена на театарските сцени ширум светот. По овој текст во 2003 година е снимен филм и мини-серија, во која играат Мерил Стрип, Ема Томпсон, Патрик Вилсон и Ал Пачино.

Претставата е дел од програмата на Драмскиот театар планирана за 2010 година и претставува копродукциски проект на Драмски со Theater Dreams од Софија. На претставата работеше интернационална екипа од САД, Канада, Италија, Бугарија и Македонија. Играат: Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ, Диме Илиев, Лилјана Велјанова, Гордана Ендровска, Трајанка Илиева, Игор Ангелов и Никола Ацевски. Асистент на режија е Јане Спасиќ, сценографија Десидерио Ројбал, костимографија Ралица Георгиева, драматург е Серџо Костола, а музиката е на Ратко Даутовски.Премиерната изведба е закажана за вторник, 29 декември, со почеток во 20 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Крива Паланка ги отвора вратите за „Невестинско поклонение“: Празник на носиите, обичаите и заедништвото на 1 март во Конопница

Објавено пред

Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“.

dobivaj vesti na viber

Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен идентитет.

Програмата ќе биде збогатена со музички настап на Андријана Алачки и бендот на Гоце „Синтезис“.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод манифестацијата изјави:

„Со вистинска радост и како вистински домаќини, ги отвораме вратите за сите добронамерници кои сакаат да го доживеат овој празник. Ветуваме дека ќе го зачуваме духот на традицијата, убавината на обичаите и автентичните носии, и заедно ќе ги пренесеме овие вредности на идните генерации.“

Од Општината ги повикуваат граѓаните и љубителите на културата да присуствуваат и заедно да го одбележат овој културен настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Фотографска изложба на Александра Костадиновска во КИЦ Белград

Објавено пред

На 24 Февруари 2026 год. во 19 часот во Македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“.

dobivaj vesti na viber

Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, а во рамките на проектот за патувачки изложби „МузеумЛинк“ под кураторство на Јасминка Намичева-кустос советник. Претставувањето пред белградската публика е благодарение на подршката од МКИЦ Белград и Министерството за култура и туризам, а изложбата вечерва ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

Фотографиите на Костадиновска се креирани во корелација на тенката линија меѓу документарното и поетското. Во нејзините кадри се препознава смелоста да се напушти комфорната зона, но и тивката радост од прифаќањето на непознатото со осет за миговноста на моментот.

Архитектонските структури, крајбрежните перспективи, тишината на скаменетите дини или случајните сенки кои се проектраат на фасадите не се само регистрирани мотиви – тие се прераскажани во вид на лични записи, каде сонцето е водич, но и сведок. Тоа е визуелна приказна која го надминува поимот на класичен патепис. Тоа е серија фотографии што истовремено функционираат како интимен дневник, како документ на едно лично патување низ европските простори, и како универзална медитација за светлината – нејзината материјалност и нејзината нематеријална сила.

„Осончена тишина“ е и студија за времето: за утринската мекост на светлината, за попладневниот интензитет и за нежната златна нијанса на зајдисонцето кое отскокнува од мазната површина на водата. Секоја фотографија ја носи во себе идејата за минливоста но истовремено и постојаноста – моментот исчезнува, но светлината како чувство во нашата меморија останува.

Со својата суптилност и истовремено силна визуелна експресија, „ Осончена тишина“ претставува покана кон сите нас да ги забележуваме сопствените „сончево бакнати“ моменти – оние мали, минливи фрагменти што се претвораат во вечни спомени замрзнати во личната мемориска капсула.

Изложбата ќе биде поставена пред белградската публика до средината на месец март.

Во вториот дел од вечерашнава програма, предвиден е омаж за неодамна починатиот д-р Коста Балабанов (1929-2026), преку прикажување на неколку документарни филмови од некогаш исклучително популарниот телевизиски серијал „Закопана мистрија“

Д-р Коста Балабанов беше една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност, конзерватор, научник, дипломат и културен деец, кој остави длабока трага во прочувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

Објавено пред

Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.

dobivaj vesti na viber

Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.

Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.

Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.

Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.

Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.

Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.

Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.

Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет10 минути

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет21 минута

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет39 минути

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет44 минути

(Видео) Трамп: „Златното доба на Америка започна“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија15 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија16 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ18 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија19 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија19 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија21 час

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија22 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија23 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет23 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет23 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 ден

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...