Забава
Ван Морисон доби син
Познатиот пејач, шеесет и четиригодишниот Ван Морисон во вторникот објави на својата интернет страница дека добил син
Неговата сопруга, Гиги Ли во понеделникот родила здраво машко дете, а како што објавуваат странските медиуми за негово име го избрале Џорџ Иван Морисон III. Морисон и неговата сопруга објавија дека „малиот Ван“ личи на својот татко и дека ќе има двојно државјанство и британско и американско. Пејачот кој по потекло е од Белфаст не го објави местото на раѓање на неговото синче, само објави дека мајката и бебето се во одлична состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Модни киксови на Мет Галата – од мрежа за комарци на главата до фустан балон
Мет Галата долго ќе се памти по најдобрите изданија од црвениот тепих од синоќешната церемонија во музејот Метрополитен во Њујорк, но и модните грешки. Не е тешко да се згреши на модниот настан на годината, критериумите се високи, а модните предизвици во форма на темата на настанот и кодексот на облекување честопати се премногу напорни.
Во исто време, модната ревија е под лупа и од љубители на модата и разни критичари, а конкуренцијата е исклучително силна.
Амелија Греј Хамлин, која со фустанот балон, влезе во листата на модни неуспеси на Мет Гала 2024 година. Сара Џесика Паркер носеше сличен крој на Мет Гала и доби главно позитивни критики.
Пејачката Лана Дел Реј, се појави во необично модно издание кое се споредува со мрежа за комарци. Музичката ѕвезда со прекрасен глас се водеше од принципот на ексцентричност што го сака Мет Гала. Настанот бара и костими, па дури и малку бизарност, но сето тоа треба да биде дозирано.
Пејачката Дуа Липа се појави во костим како од Мулен Руж, а погледот одзади ја открива тангата.
Ниту на Кара Делевињ, чиј дел од аутфитот е направен од кристали, не и појде од рака, па влезе во листата на модните грешки.
Забава
(Видео) Украинската претставничка падна на евровизиската сцена: имаше голем пех пред полуфуналето
Снимка од познатата украинска раперка ги обиколи социјалните мрежи.
Аљона Аљона и Џери Хејл, кои годинава ја претставуваат Украина на Евровизија, имаа лоша среќа на една од пробите. Додека Џери пееше, раперката Аљона Аљона почна да излегува на сцената за да си го одработи својот дел, а потоа се сопна и падна на бината.
oh HELL NO….. pic.twitter.com/74rCHG2L4S
— 𝐊𝐇𝐀𝐂𝐇𝐎 🇦🇲🇺🇦 (Jerry Heil's husband) (@KUNT60D41N) May 6, 2024
Видеото се појави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Инаку, Украина има големи шанси да се пласира во финалето и важи за еден од главните фаворити за победа оваа година. Обложувалниците им предвидуваат трето место, но ситуацијата се менува од час во час. Сепак, пред тоа треба да го минат првото полуфинале кое се случува вечерва.
Вечерва покрај Украинките ќе настапат и претставници на Кипар, Литванија, Ирска, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија и Луксембург.
Во четврток ќе настапат натпреварувачи од Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка и Холандија.
Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Шведска.
Забава
(Видео) 22-годишна пејачка на Мет Гала дојде во необична креација: и беше потребна помош при движењето
Јужноафриканската пејачка Тајла ги привлече сите погледи на овогодинешната Мет Гала во необична креација.
22-годишната девојка пристигна во фустан од Balmain прекриен со песок, во комбинација со чанта во форма на песочен часовник.
Tyla is lifted up the stairs at the #MetGala. pic.twitter.com/XYpkS41WMG
— Variety (@Variety) May 6, 2024
На Тајла ѝ била потребна помош при качување по скалите поради оваа креација, а подоцна пет мажи носеле дел од нејзиниот фустан кој се влечел по подот. На прашањето дали воопшто би можела да седне во овој фустан, пејачката кратко одговорила: „Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“.
Официјалниот дрес код за настанот беше „градината на времето“, а Тајла претходно објасни за Vogue дека нејзиниот фустан е инспириран од „песокот на времето“. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустинг, изјави дека е воодушевен од идејата за оваа креација.
„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам посреќен со крајот“, рече тој.