Забава
Стриптизерка со диплома
“Работев како финансиски аналитичар на Вол Стрит, но поради кризата лани добив отказ
“Работев како финансиски аналитичар на Вол Стрит, но поради кризата лани добив отказ. Со друштво уште истата вечер отидов во едно кабаре. Сакав да се напијам и да заборавам на моите проблеми. Кога дозна дека сум невработена, менаџерот на клубот ми понуди работа како стриптизерка. Не размислував долго, се согласив и сега работам по три до четири часови ноќе и само на бакшиши можам да заработам 160 илјади за една година“, раскажува 27 годишната Ренди Њутон.
Задоволна е од новото работно место и тврди дека нема сексуално малтретирање или понижување.
Таа е изненадена што ноќниот клуб се води поорганизирано и деловно поуспешно од финансиската институција во која работела.
Питер Фејнштејн, сопственик на познатиот стриптиз клуб на 60. улица во Њујорк, задоволно ги трие рацете.
“Примив многу молби за работа од девојки од финансиските кругови и оние кои работеле со недвижнини. Ги изгубиле работните места и се подготвени да работат како стриптизерки бидејќи тоа е одлично платена работа, која нема врска со проституцијата“, вели Питер.
Кејт Хаверто три години работела како агент за недвижнини, но заработувачката била слаба.
“Работев и по 10 часови на ден, но никогаш не знаев дали ќе можам да преживеам и да ги платам сметките. Кога едно утро видов дека на сметка имам само два долари, бргу ја сменив професијата. За стриптиз во клуб парите се исплатуваат истата вечер. Сега заработувам повеќе отколку што можев да сонувам и собирам пари за да си купам стан на Менхетн“, се фали Кејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.