Контакт

Економија

Македонските градежници за 2,5 пати ги зголемиле активностите во странство

Објавено пред

Македонската градежната оператива во првиот квартал од годината во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 192,8 милиони денари (3,13 милиони евра), што е за 248,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4,8 милијарди денари (78,6 милиони евра).Во наведениот период забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија и Словенија.Вредносните податоци за периодот јануари-март 2013/2012 година се дадени врз база на паритетот еден американски долар = 46.651 денари. Истовремено раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во првото тримесечје како поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на истото тримесечје од 2012 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека таа е подобра во однос на претходниотОчекувањата за бројот на вработените во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата.Во наредниот период се очекува продажните цени да останат на исто ниво како и во претходното тримесечје. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 24,5%, недоволната побарувачка со 18,8%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 12,1% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,8%. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Фотографскиот гигант Кодак, стар 133 години, пред банкрот

Објавено пред

Од

Поранешниот фотографски гигант Eastman Kodak, компанија со традиција од 133 години, ги предупреди инвеститорите дека е во опасност од банкрот.

dobivaj vesti na viber

Во својот извештај за заработка, Кодак соопшти дека нема „обезбедено финансирање или достапна ликвидност“ за да отплати долг од приближно 500 милиони долари, пишува CNN.

„Овие услови фрлаат значителен сомнеж врз способноста на компанијата да продолжи како континуирана компанија“, се наведува во документот на Кодак.

Компанијата се обидува да собере пари со суспендирање на плаќањата во својот пензиски фонд.

И покрај мрачните прогнози, извршниот директор Џим Континенца тврди дека компанијата постигнала напредок.

„Во вториот квартал, Кодак продолжи да постигнува напредок во однос на нашиот долгорочен план и покрај предизвиците на неизвесната деловна средина“, рече тој.

Портпаролот на компанијата додаде за CNN дека тие се „уверени дека ќе можат да отплатат значителен дел од нивниот долгорочен заем многу пред рокот на достасување и да го модифицираат, продолжат или рефинансираат преостанатиот долг и/или обврските за преференцијални акции“.

Веста силно одекна на пазарот, а акциите на Eastman Kodak (KODK) паднаа за повеќе од 25 проценти во вторникот.

Компанијата Eastman Kodak е основана во 1892 година, но нејзините корени датираат од 1879 година, кога основачот Џорџ Истман патентирал машина за обложување плочи. Тој го продал првиот фотоапарат на Кодак во 1888 година за 25 долари.

Во тоа време, фотографијата била резервирана за малкумина поради нејзините технички барања, но фотоапаратот на Кодак бил дизајниран да ја доближи до масите. Истман, исто така, го создал легендарниот слоган: „Вие го притискате копчето, ние го правиме останатото“.

Самото име Кодак нема никакво значење. Според компанијата, Истман го измислил затоа што му се допаѓала буквата К. „Буквата „K“ ми беше омилена – се чувствува како силна, моќна буква“, објасни тој.

Кодак доминираше на пазарот со децении. Во текот на 1970-тите, според Economist, тие држеа 90 проценти од продажбата на филмови и 85 проценти од продажбата на фотоапарати во САД, а хит-песната на Пол Сајмон „Kodachrome“ беше на врвот на листата во 1973 година. Иронично, падот беше потпомогнат од технологијата што самите ја измислија – првиот дигитален фотоапарат, воведен уште во 1975 година.

Компанијата не успеа да се прилагоди на дигиталната ера и поднесе барање за банкрот во 2012 година, со долгови од 6,75 милијарди долари кон 100.000 доверители. Краткорочно закрепнување се случи во 2020 година, кога американската влада ги ангажираше да произведуваат фармацевтски состојки. Цената на акциите потоа скокна толку многу што тргувањето беше запрено дури 20 пати во еден ден.

Иако повторно се соочува со загуби, Кодак објави планови за проширување на фармацевтскиот дел од својот бизнис. Компанијата продолжува да произведува филмови и хемикалии за други компании, вклучително и филмската индустрија.

Фото: принтскрин/инстаграм

Прикажи повеќе...

Економија

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазара, кинескиот бренд процвета

Објавено пред

Од

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше историски раст на продажбата во двете земји.

dobivaj vesti na viber

Во Велика Британија, „Тесла“ продаде само 987 возила минатиот месец, што е пад од 59,9 проценти во споредба со јули 2024 година, според податоците од здружението SMMT.

Дополнително, во Германија, продажбата на возила на „Тесла“ во јули се намали за 55,1 процент на годишно ниво на 1.110 единици.

Вкупниот резултат на „Тесла“ во Германија за првите седум месеци од 2025 година е исто така слаб – продадени се само 10.000 возила, што е пад од дури 57,8 проценти на годишно ниво.

За разлика од „Тесла“, BYD продаде 3.184 возила во Велика Британија во јули, четири пати повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека во Германија растот на продажбата беше речиси 390 проценти.

„Тесла“ се бори на европскиот пазар поради зголемената конкуренција од кинеските производители, но и поради политичките активности на извршниот директор Илон Маск.

Маск претходно во јули предупреди дека „Тесла“ може да очекува неколку тешки квартали поради новите царини и укинувањето на даночните олеснувања за електрични возила во Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе...

Економија

Министерството за финансии: Од денеска исплатите од буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

Објавено пред

Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.

dobivaj vesti na viber

Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, освен редовните за плати, пензии и комунални трошоци.

Исто така, Министерството за финансии две недели по распишување на изборите има обврска да поднесе и предизборен финансиски извештај во којшто ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот којшто се објавува на веб-страната на Министерството за финансии.

Претседателот на Африм Гаши, на 9 август 2025 година ги распиша локалните избори, коишто ќе се одржат на 19 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Македонија49 минути

Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански...

Топ3 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија3 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни се три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет3 часа

Комисија на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ја засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија4 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија4 часа

Пожарот кај Јасен сè уште е активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет15 часа

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ15 часа

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија17 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет18 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ21 час

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ22 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион23 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија23 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија23 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија24 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија1 ден

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија1 ден

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...