Забава
Германец мора да ја дели пензијата со мажот на бившата сопруга

Еден Германец со одлука на суд, на мажот на својата бивша сопруга ќе мора да му дава половина од својата пензија
Еден Германец со одлука на суд, на мажот на својата бивша сопруга ќе мора да му дава половина од својата пензија.
Судијата на Административниот суд во германскиот град Мајнц, Бернард Ванвиц секако ќе влезе во аналите на правната пракса на својата земја, бидејќи донел безмалку необична и единствена пресуда еден разведен пензионер половината на својата пензија да мора да му ја дава на мажот на својата некогашна сопруга.
Имено, станува збор за буквална примена на една одредба за издржување, која предвидува можноста пензионерот кој својата пензија ја делел со разведената сопруга по основ на издржување, по нејзината смрт да може да ја дели – со нејзиниот втор маж!.
Според важечкиот германски закон, кога брачниот пар ќе се разведе, бившиот брачен партнер со помала пензија има право на „надомест“ од пензијата на другиот партнер – ако неговата пензија е поголема.
Во секој случај, било подобро првиот сопруг да мирувал и молчешкум да ја прима пензијата наместо што се обратил до судот со барање да му се додели целиот износ на пензијата што ја делел со сопругата, која се премажила и умрела во вториот брак.
Во тој момент стапила на сила бирократијата, а судијата стриктно ја применил одредбата дека по женината смрт нејзиниот нов маж имал право на нејзината пензија и донел такво решение.
Судијата всушност го уважил барањето на натажениот вдовец, а бидејќи пензијата на жената била помала од пензијата на првиот маж од кој се развела, овој несреќник сега на мажот на својата бивша жена мора да му плаќа околу 700 евра месечно.
„Ова е единствен случај во судската пракса“, со гордост изјави судијата Ванвиц. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Се вратија од минатото и повторно станаа хит: панталони што мора да ги имате летово

Пред повеќе од една година се зборуваше за неочекуваното враќање на панталоните „капри“, тренд што изненади многумина, но се покажа дека е далеку од краткотраен тренд на враќање.
Летово, јасно е дека овие панталони не се само носталгија, туку вистински класик кој си го зазеде своето место во модерната гардероба.
Панталоните „капри“, кои се еден вид почит кон елеганцијата и удобноста, не престануваат да ги освојуваат модните писти и улиците низ целиот свет. Во последните недели светот на модата е полн со примери, меѓу кои се Хејли Бибер и Кендал Џенер, кои вешто ги вклопија во своите летни изгледи.
Да се потсетиме, минатата година ги сретнавме како едно од најважните парчиња на сезоната, а потоа врвни брендови како Jacquemus и Ferragamo ги релансираа на модната сцена.
Но сега, гледајќи ја денешната мода и уличен стил, јасно е дека капри панталоните станаа задолжително парче кое комбинира ретро шарм со модерен израз. Всушност, тие повеќе не се само парче носталгија кон модата, туку секојдневен избор за жените кои бараат стил, но и удобност во потоплите месеци.
Хејли Бибер неодамна беше видена како носи капри панталони со точки, во комбинација со едноставен црн топ и црни апостолки, што совршено илустрираше како овој стил може да биде и забавен и софистициран во исто време.
Нејзиниот стил не беше премногу „револуционерен“, но едноставноста и смелиот дезен донесоа освежителен пресврт и докажаа дека капри панталоните лесно можат да станат централна точка на секоја облека.
Од друга страна, Кендал Џенер избра класични, црни капри панталони кои ги искомбинираше со тенка бела кошула со копчиња и елегантни сандали, докажувајќи дека овој крој може да се носи и во поформални пригоди.
Иако често ги поврзуваме капри панталоните со лежерен и летен изглед, нивниот потенцијал е далеку поголем. Денес, ги гледаме во различни материјали и кроеви – од лелеави ленени модели до структурирани памучни или дури и кожни верзии, што ги прави многу прилагодливи и погодни за различни пригоди.
Капри панталоните совршено се комбинираат со сандали со ниска или висока потпетица, салонки, балетанки, па дури и бели патики, што ги прави идеален избор за градски прошетки или дружење на терасите на вашите омилени летни кафулиња.
Забава
Тажна приказна за два знака: се сакаат, но никогаш не се разбираат

Два хороскопски знаци кои магнетски се привлекуваат еден кон друг, но ретко остануваат заедно – еве зошто.
На прв поглед, Ракот и Водолијата немаат ништо заедничко. Едниот хороскопски знак живее во минатото, другиот во иднината. Едниот бара сигурност, другиот слобода. И сепак, нешто постојано ги привлекува еден кон друг. Тоа е една од оние комбинации што се случуваат често, но ретко траат.
Рак, чувар на емоциите и домот
Ракот е знак управуван од Месечината. Чувствителен, грижлив, често носталгичен. Луѓето родени под овој знак длабоко го чувствуваат светот околу нив и инстинктивно сакаат да го заштитат она што го сакаат. Пријателствата и врските им значат многу, но тие исто така очекуваат возвратено внимание, посветеност и емоционална достапност.
Водолија, вечниот визионер
Водолија е знак кој не признава правила. Со знакот владеат Уран и Сатурн, комбинација од експлозивна оригиналност и студена дистанца. Ги сака луѓето, идеите, слободата. Но, кога станува збор за емоции, Водолијата често ја одржува својата дистанца. Не затоа што не чувствува, туку затоа што не знае секогаш што да прави со тие емоции.
Каде се заглавува?
Ракот бара присуство, нежност, јасни емоции. Водолијата пред сè сака независност, пријателство и не го сака чувството на врзување. Ракот се повлекува кога се чувствува запоставен. Водолијата бега кога се чувствува притисната. И така се создава маѓепсан круг на тишина, повлекување и студенило.
Можат ли сепак да успеат?
Да, но само ако двајцата се спремни да излезат од своите зони на удобност. Ракот мора да научи дека љубовта не мора секогаш да биде онаква каква што ја замислувале. А Водолијата дека емоционалната блискост не мора да значи губење на слободата. Кога ќе го сторат тоа, нивната врска, без разлика дали е пријателство или љубов, може да биде една од најнеобичните и најинспиративните.
Забава
Во елегантно издание, Софија Вергара го лансираше својот козметички бренд

Познатата актерка Софија Вергара го лансираше својот козметички бренд Toty Collection, кој го дизајнираше во соработка со Cantabria Labs. Својата прва презентација ја одржа во Мадрид и секако го привлече целото внимание на светот.
Секогаш гламурозна и духовита, Софија Вергара знае како да изненади. Иако неодамна позираше гола во када и предизвика вистински хаос на социјалните мрежи, овој пат беше одмерена и елегантна, но тоа е доволно кога е во прашање неа.
За својата прва промоција, Софија избра подолг фустан со цветни мотиви, кој го искомбинираше со високи сандали во неутрална беж нијанса.
Секако, деколтето повторно беше во центарот на вниманието, па без разлика што прави, за тоа секогаш ќе се зборува повеќе.
Нејзината стандардна фризура, лабава коса и нежни бранови, како и неутрална шминка, само го комплетираа изгледот за кој ќе се зборува долго време.
Софија Вергара ги поместува границите на секој чекор, и иако е свесна за својот изглед, се обидува да привлече внимание на поинаков начин. Таа е една од најдуховитите жени во Холивуд и поради тоа има и многу обожаватели.