Култура
Промовирана првата интернет-страница за археолошките ископувања во Македонија
Македонските археолошки ископувања добија своја интернет-страница.
Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура заедно со археологот Паско Кузман денес ја промовира првата интернет-страница на која се документирани сите археолошки ископувања кои до сега се направени во Македонија. Проектот на Министерството е поддржан на временски период од само една година, но Кузман се надева дека поддршката ќе продолжи и откако ќе заврши рокот. „Македонија е културна земја, со големо културно наследство, и тоа наследство трба да го презентираме, не само во Македонија, туку и пошироко“, изјави заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Страницата на интернет може да се погледне ако се внесе адресата mav.mk. Страницата е пуштена во употреба веќе четири дена, а за тоа време имала над 500 посети како од Македонија, така и од останатиот дел од светот.Во тимот на Паско Кузман кој работеше на поставување на археолошките пронајдоци му помагаа Јован Донев и Ивана Кришчевиќ од Евробалкан, Кристина Бицевска, Данче Голубовска и Сашо Крстевски од Институтот за културно наследство. На страницата можат да се најдат информации и фотографии од сите досегашни пронајдени антиквитети. Новата интернет-страница нуди и мапи поддржани од Гугл на кои подетално се гледа местото од кое е пронајден антиквитетот, а до секој пронајден артефакт стои мал опис за неговиот историјат. Сајтот е достапен на македонски, англиски, германски и италијански јазик. Набрзо треба да профункционира и архивата, а посетителите кои ќе се логираат ќе имаа можност преку електронска пошта да добиваат вести за сите ископувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Музичкиот ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово добива простории за работа на трајно користење
Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со којашто на Националната установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово, му се даваат на трајно користење, без надомест, простории кои се наоѓаат на улица „Тетово” б.б, Тетово, сопственост на Република Северна Македонија.
Задолжение да се реши просторното сместување на Н.У. Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата
Во врска со сместувањето на Н.У. Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата на Република Северна Македонија, по насока на претседателот на Владата, задолжено е Министерството за култура да ја разгледа постојната документација, испратена од Н.У. Галерија Гостивар до Владата и да излезе со предлог решение во врска со нејзиното трајно сместување.
Култура
Заокружена серијата мурали што го отворија 19. издание на АКТО-фестивалот за современи уметности
Серијата мурали во државата – акцијата со која и официјално се отвори најновото 19-то издание на АКТО-фестивалот за современи уметности, во организација на здружението Факултет на работи што не се учат – ФРУ од Скопје, е заокружена со последните два мурала во Кичево и Скопје.
Во центарот на кичевската чаршија, на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и на предната фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова, во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот е да поттикне размислување за потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативните контексти/дејности.
Во соработка со ФРУ – Скопје идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака), но и ја доловува функцијата на домот на култура – како простор каде што се негуваат културата и уметноста иницирани од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови во кои сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, преку заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница во која едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој.
Муралот, кој се реализира во март во Скопје, на зградата што се наоѓа на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, побуди позитивни чувства и кај соседните згради, така што резултира со уште една иницијатива за реализација на мурал како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите. Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализира мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт, кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови што ги ослободуваат сите!“ Со овој мурал фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување.
Преземајќи го извадокот од песната за солидарност од авторот Бертхолт Брехт, идејата е да се воспостави траен повик дека со поддршката, разбирањето и постапките на заедницата може да се создадат иницијативи и услови што ја ослободуваат истата заедница од повеќето форми на опресија и рестрикција водејќи кон поздрава и поволна состојба на живеење критикувајќи го строгиот и наметнат индивидуализам.
Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и во Кичево), од кои два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода, со надеж дека долго време ќе останат визуелен потсетник за неопходноста на борбата за да дојдеме до нив – со силата на заедништвото.
Култура
Самостојна изложба на Камуран Горанци, „Код 4“
Самостојната изложба на Камуран Горанци во објектот Чифте амам ќе биде отворена на 9. 5. 2024 година во 19 часот. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно, кои се работени во периодот од 2020 до 2024 година.
Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби, како што се „Код 1“ во Келн, Германија, „Код 2“ во Галеријата на Тирана во Албанија и „Код 3“ во Галеријата на Скадар во Албанија, како и оваа самостојно конципирана „Код 4“ во Националната галерија на Република Северна Македонија обележан со софистицираност на изразните средства и обид за филозофирање.
Овој уметнички настан се одржува во центарот на Скопје, каде што ги гледаме традицијата и современата комуникација, една многу важна улога во контекст на неговата креативна индивидуалност.
Во повеќето случаи сликата е граматичка анализа, композиција, а во исто време дезинтеграција на оние алатки што историски му биле доверени на уметникот да се манифестира таму каде што креативното и животното искуство континуирано се негувале низ годините и страсно го чувале и сакале хроматското богатство.
Боите во овие композиции се пастуозни, камени, расфрлени овде-онде, што означуваат експресивна состојба. Така, во овие случаи се претставени некои апстрактни експресионистички слики, иако со рамнотежа на топлина и студ, светло и темно, придружени со чудни форми и голи бои. Во овие слики од периферијата на сферата на боите се преминува на површината, каде што техниката на реализација изгледа важна. Тие се реализираат со максимум изразни средства, цртежот оди до границите на небитието за да се нагласи присуството на вредноста на убавината во една средина во која владее хаос и динамизам.
Сите слики во оваа свечена пригода се разработени врз чувствителноста и хармонијата, кои сега се присутни и кодирани од уметничкиот аспект, конечно фиксирајќи ја неговата реалност, слики и емоции во структурите на неговите соништа. Тој комуницира со љубов во универзална слика, која се наоѓа далеку од нашето постоење, како нешто пооддалечено од непознатото до познатото, на фигуративен, едноставен и ветувачки начин.
Да се замрзнат во нив суптилните односи меѓу боите, во специфичен израз, следејќи ја побарувачката за нови, поатрактивни слики за да се интервенира во невидливиот свет, кој секогаш е проследен со граница, а кои се појавуваат како конечни експлозии на вртоглав просторот, но не како оние на универзумот. Она што те привлекува во композициската конструкција е несомнено справувањето со логичките формации.
Преку него се создаваат монументални композиции, каде што деталите и најголемите мерки се решаваат со намалување и зголемување на колористичките траги за да се видат понатамошни специфични третмани во нивните рекомпозиции.
Зени Балажи, куратор