Македонија
Орав: Потребен е независен систем за надзор на полицијата и надзор на разузнавачките служби
Европската унија преку кампања ќе ги едуцира граѓани за нивните права, но ќе ја едуцира и полицијата да не ги злоупотребува човековите права и да не се применува прекумерна сила, како институција од којашто доаѓаат најголемите закани за прекршување на човековите права.
На промоцијата на кампањата, евроамбасадор Аиво Орав во своето обраќање порача дека има потреба од создавање на независен систем за надворешен надзор врз полицијата и да се обезбеди ефективен надзор на разузнавачките органи.„Се надевам дека овој проект ќе направи вистинска разлика во полициската практиката и дека ќе го поплочи патот за идни системски реформи. Особено реформите се потребни во однос на понатамошна деполитизација на МВР, политика на интегритет и борба против злоупотребата, лошиот третман и прекумерната употреба на сила. ЕУ заедно со Судот за европски права се залага за зајакнување на надзорот на полицијата во вашата земја. Од една страна тоа значи зајакнување на системите за внатрешна контрола, за тој да биде непристрасен, транспарентен и систематски да се спроведува, а од друга страна има потреба од создавање на навистина независен систем за надворешен надзор врз полицијата и да се обезбеди ефективен надзор на разузнавачките органи“, порача евроамбасадорот Орав.Според статистиката на министерството за внатрешни работи, во првите шест месеци годинава Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди презел мерки за проверка на 831 случај на посочени пречекорувања на овластувања, злоупотреба на службена положба и овластувања на службени лица.Против 104 службени лица се поведени постапки за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, а беа поднесени седум кривични пријави против 14 лица во МВР.Кампањата е последната активност од проектот за јакнење на капацитетите на органите за спроведување на Законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица, којшто се спроведува од мај 2013, а треба да заврши до ноември годинава, за чија реализација се одвоени 2,1 милиони евра пари најголем дел обезбедени преку ИПА инструментот на ЕУ.За потребите на кампањата „Правилата да се уживаат, обврските да се почитуваат“, која стартува од денеска и ќе трае до крајот на месец октомври, подготвени се џебни брошури наменети за полициските службеници, како и флаери за граѓаните за едукација на нивните права и за почитување на обврските. Тие ќе им бидат делени од страна на припадници на МВР на терен и во полициските станици, а изработен е аудио и тв спот кој ќе се емитува на националната сервис. /крај/мф/ффс
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

