Економија
Владата ги подобри условите за проектот „Купи куќа – купи стан“
Со 75 отсто наместо досегашни 50% Владата ќе учествува во два модела од проектот „Купи куќа – купи стан“ при купување куќа.
Владата на последната седница ги подобри условите од кредитирањето на граѓаните при купување куќа, па така кога се зема кредит за куќа, Владата ќе учествува со 75 отсто од субвенционирањето. Ако висината на кредитот е 50.000 евра, Владата ќе субвенционира 15.000 евра или на месечни рати во првите години 247 евра ќе плаќа Владата, а 83 евра отпаѓаат на купувачот на куќата.
Слични се односите на учеството и во следните две години.
Во вториот модел Владата, исто така, го зголемува своето учество на 75 отсто, што значи дека Владата ќе учествува со 9.375 евра. Во двата модела учеството на Владата е за првите пет години.
Како што појасни мининистерот за финансии, Зоран Ставрески, врз база на разговори со граѓаните Владата одлучи законски да им дозволи на оние кои имаат помала куќа да ја урнат или да ја доградат користејќи го проектот „Купи куќа, купи стан“.
Новина во овој проект е и одлуката доколку купувачот или корисникот на кредитот во следните 10 години има можност предвреме на го врати кредитот, да не ги враќа парите од субвенционирањето.
Оваа мерка ќе се однесува и на оние кои досега зеле кредит, додека другите мерки стапуваат на сила по донесувањето на законот.
Исто така, владата одлучи ваков кредит да може да се користи и за станбени куќи кои ги изградил друг, како што се типските куќи во Прилеп, Општина Илинден, и на други места.
На овие подобрени мерки Владата се одлучила со цел да ги изедначи условите за оние кои купуваат куќа со оние кои купиле стан, затоа што во случај на градење куќа, има дополнителни трошоци за купување земјиште.
Министерот Ставрески рече дека, наместо еднаш годишно да се одлучува за субвенционирање на проектот, сега тоа ќе се прави на секои 45 дена и Комисијата ќе ги разгледува пристигнатите барања. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

