Контакт

Економија

Груевски:Внимаваме на структурата на инвестициите

Објавено пред

Македонскиот премиер Никола Груевски во понеделникот оцени дека владата посветувала во минатото големо внимание на структурата на инвестициите и порача дека таквата пракса ќе продолжи и во иднина.

dobivaj vesti na viber

Груевски оваа оценка ја изнесе по средбата со стопанствениците од Сојузот на стопански комори (ССК), одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките на Standard & Poor’s, која намалувајќи и го кредитниот рејтинг на Македонија за еден степен, изнесе забелешки во врска со јавите инвестиции, во како што е наведено, непродуктивни добра.„Ние и до сега обрнувавме големо внимание на структурата на инвестициите и од сега тоа ќе го правиме и ќе се трудиме да бидат колку што е можно попродуктивни расходите, но знаете, секогаш, секоја држава има ситуации  кога треба да инвестира и во нешто што е поврзано со други  работи поврзани со државноста на таа држава. Како и да е ќе се трудиме во иднина да имаме максимално колку што е можно повеќе да имаме попродуктивни инвестиции“, изјави премиерот Груевски. Тој не се согласи со забелешките дека владата им обрнува поголемо внимание на малите и средните претпријатија„Не се согласувам со вас дека обрнуваме внимание само на мали и средни претпријатија имаме чести состаноци со компаниите кои се поголеми. Подеднакво сме подготвени да помагаме на сите“, изјави Груевски, додавајќи дека се сложува со соопштението на министерството за финансии во врска со намалувањето на рејтингот од страна на Standard & Poor’s. Инаку, во својата реакција, министерството за финансии во петокот излезе со сериозни забелешки за квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг од страна на кредитната агенција. Во врска со ова прашање, своја оценка даде и претседателот на ССК, Златко Калеников, кој рече дека за деловна заедница е најважна ликвидноста на домашните компании и дека побарале од владата да се зголеми буџетскиот дефицит од 2,5 отсто, со што, според нив, се овозможило, да се вратат долговите на сите компании. „Извештајот на  Standard & Poors ние не го сметаме за многу ригорозен, но сепак тоа е со намалена категоризација на кредитен  рејтинг. Државата може да работи за тоа, сепак ние поддржуваме акција за ликвидност и таа да опстои во натамошниот период, бидејќи ликвидноста е клучна дали македонското стопанство ќе издржи. Значи, нема подобар кредит од своите пари да си ги добиете во вистинско време“, рече Калеников.Бонитетната агенција Standard & Poor’s објави дека го намалила кредитниот рејтинг на Македонија за долгорочно задолжување во домашна и странска валута од ниво ББ на ББ-, додека потврден е краткорочниот рејтинг со стабилна прогноза, при што се констатира дека транспарентноста на македонските јавни финансии се намалени од почетокот на глобалната финансиска криза а изгледите за економски раст ослабеле. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 % во однос на одлуката од 18.11.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 26.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,737 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит и сега ќе изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,029 ден/кг и сега ќе изнесува 44,737 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,489%, кај дизелот за 3,554%, кај екстра лесното масло за 2,215% и кај мазутот намалувањето е за 2,312%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524%.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Објавено пред

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година. Премиерот Христијан Мицкоски денес на поставувањето камен-темелник за нова градинка во Расадник, Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашање, рече дека доколку мора, покачување ќе има, но само во поскапите блокови.

dobivaj vesti na viber

„Ќе направиме сè за да ја оптимизираме и да нема покачување на цената на електричната енергија, ниту до тие три проценти. Ако мора, еве да се покачи во некој од блоковите, оние повисоките, третиот и четвртиот. Можеби таму би имало некакво интервенирање. Тоа го правиме затоа што навистина сакаме на граѓаните да не им го отежнуваме и онака тешкиот живот. Замислете ние ако постапуваме неодговорно и не се бориме и да ги покачиме сметките 20-30 проценти, сè ќе поскапи. Замислете каков шок ќе биде тоа во делот на инфлацијата. Ќе се бориме до последно да ги нема и тие три проценти. Тоа е максимумот што може да се случи во третиот и четвртиот блок, а во првиот и вториот да нема никакво покачување, каде што се најголемиот број од потрошувачите“, рече премиерот Мицкоски.

Објасни дека е изводливо да нема поскапување на струјата оти успеале да ги намалат трошоците за 15-20 проценти на старите долгови оти побарале и добиле попуст, а новите тендери биле 15-20 проценти поевтини од оние порано, со што успеале да ги оптимизираат и производното и приходното портфолио. Каде оделе тие 15-20 проценти досега, премиерот Мицкоски вели дека точно се знае, а набргу и јавноста ќе дознае.

„Тоа што го наследивме во енергетиката е апокалиптична ситуација. Колку што сум информиран, и Финансиската полиција и МВР и други институции се занимаваат со тоа што се правело во годините претходно. Многу бргу од денеска ќе се излезе со јасни информации“, рече премиерот Мицкоски.

Драматичен пораст на цената на струјата не очекува ниту претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, оти цената на електричната енергија е стабилизирана.

Прикажи повеќе...

Економија

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Објавено пред

Со цел да им обезбеди на клиентите уште поатрактивни услови за реализација на нивните станбени планови, Халкбанк АД Скопје воведе дополнителна промоција на својот станбен кредит кој е со фиксна каматна стапка почнувајќи од само 3,0 отсто за првите 5 години, односно 3,4 проценти за првите 10 години, и променлива за останатиот период на отплата.

dobivaj vesti na viber

Со почеток од 20 ноември, па се до 31 декември 2024 година, станбениот кредит на Халкбанк ќе се издава БЕЗ нотарски трошоци, БЕЗ надомест за полисата за осигурување за првата година и БЕЗ трошок за проценка на недвижниот имот. А фиксниот надоместок за обработка на апликацијата изнесува 3.000 денари.

Максимален износ на средства кои можат да се добијат е до 300.000 евра, со максимален рок на отплата до 30 години, а постои можност и за добивање грејс период во отплатата од 12 месеци. Кредитот може да се користи за купување на стан, купување на куќа, како и за рефинансирање на изложености во други банки по основ на станбен кредит.

Искористете ја атрактивната понуда која трае до крајот на годинава и нека Халкбанк стане вашиот партнер на патот кон обезбедување сопствен дом.

За повеќе информации за условите и аплицирањето за станбениот кредит, посетете ја веб страната на банката или најблиската филијала.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија14 часа

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....

Македонија16 часа

Почина владиката Тимотеј

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј починал денеска во болница. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето, објави „Религија.мк“....

Македонија16 часа

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ17 часа

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет18 часа

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...

Македонија18 часа

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред...

Свет19 часа

(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот...

Македонија19 часа

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи...

Европа19 часа

Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина....

Македонија20 часа

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче, не може да донесат ништо ново и добро ни во СДС ни во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново...

Македонија20 часа

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје, Ирена Витина, за обезбедувањето...

Свет21 час

(Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети

Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико,...

Европа21 час

(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на...

Европа22 часа

(Видео) Товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус: едно лице загина, неколку повредени

Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните...

Европа23 часа

Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта

Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија...

Европа23 часа

(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата,...

Македонија1 ден

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија2 дена

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија2 дена

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...