Контакт

Забава

Зелката како лек за чирот на желудникот

Објавено пред

Зелката содржи природни состојќи кои дејствуваат како лекови против чиревите. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утрврдено уште во 1950 – те години, во обидите на д-р Гарет Чени од Медицинскиот факултет при Универзитетот од Стратфорд

dobivaj vesti na viber

Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на еден ден, помага во ублажувањето на болките и ги лечи желудечните чиреви, како и чиревите на дванаестпалачното црево поуспешно и подобро од стандардните терапии.Зелката делува на оној начин што ја зајакнува отпорноста на желудочната слузокожа на напади од киселина. Зелката содржи гефарнат, соединение слично на carbenoxolonu, уште еден поретко користе лек против чир. Всушност, овие состојќи ги поттикнуваат клетките да формираат тенка бариера како штит од нападите на киселината. Во едно истражување, од Индискиот централен институт за истражување на лекови во Лакнова, експерименталните заморчиња кои боледувале од чир успеале да ги излекуваат со сок од зелка.Во текот на третманот биле изработени опсежни микроскопски снимки на промените на клетките, докажувајќи дека сокот од зелка предизвикал зголемена активност на слузта, која ги обновила загноените клетки, постапка која води до потполно закрепнување.Друга можност е дека зелката има антибиотски својства. Во лабараториските експерименти е утврдено дека зелката уништува низа на бактерии, можеби меѓу нив и бактеријата рylori, која во денешницата се смета за најодговорна за појавата на чир на желудник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кралско селфи: Тејлор Свифт објави фотографија со принцот Вилијам и неговите деца

Објавено пред

Присуствувајќи на настапот на Тејлор Свифт на стадионот Вембли, идниот крал бил забележан како танцува на „Shake It Off“ додека го прославувал својот 42-ри роденден, објави „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Лидерот на лабуристите, Кир Стармер, исто така присуствуваше на отворањето на турнејата на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт Ерас во Лондон.

Тејлор Свифт објави фотографија со Вилијам и неговите деца Џорџ и Шарлот.

Сопругата на Вилијам, принцезата Кејт, во март објави дека боледува од рак и ги откажа сите ангажмани до крајот на годината.

Прикажи повеќе...

Забава

Џеј Ло со жешко селфи сама на одмор во Италија – се’ повеќе се зборува дека се разведува од Бен Афлек

Објавено пред

Латино пејачката Џенифер Лопез неодамна беше фотографирана на луксузна јахта во Италија.

dobivaj vesti na viber

Нејзините жешки селфи фотографии се појавија на мрежите, а од сопругот немаше ни трага ни глас.

Џенифер одлучила да ужива во привлечноста на брегот Амалфи без да биде придружувана од нејзиниот сопруг Бен Афлек, а како што пренесува британскиот таблоид „Дејли мејл“, отсуството на актерот уште повеќе ги подгреало гласините дека славната двојка е пред развод.

Литино дивата носеше едноделен костим за капење, а нејзината активност го привлече вниманието на локалните фотографи.

Извесно време се зборува дека Џеј Ло и актерот Бен Афлек се разведуваат. Неколку извори зборуваа за странските медиуми за нивниот брачен статус, но парот никогаш јавно не ги објави овие тврдења.

„Готово е, тие се разведуваат и овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, изјавил извор за „In Touch“.

Покрај тоа, поп пејачката неодамна ја откажа светската турнеја, што беше доволна причина корисниците на социјалните мрежи да продолжат да шпекулираат за пропаѓање на бракот.

„Скршена сум, срцето ми се кине“, изјави тогаш латино дивата.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајстори за поставување граници: хороскопски знаци кои немаат проблем да кажат „не“

Објавено пред

Во светoт полн со предизвици и социјални притисоци, некои луѓе едноставно знаат да постават граници и да кажат „не“ без никакво двоумење.

dobivaj vesti na viber

Ако можеби сте се запрашале зошто е тоа така, астрологијата ги има одговорите. Луѓето родени под овие хороскопски знаци лесно можат да кажат „не“.

Овен

Овенот е познат по својата решителност и импулсивност. Кога Овните чувствуваат дека нешто не е во нивен најдобар интерес, не се двоумат да кажат „не“. Нивната искреност и директност често доаѓаат до израз во ситуации каде што треба да пресечат.

Девица

Девиците се познати по својата аналитичка природа. Кога нешто не им одговара, брзо ќе го забележат тоа и јасно ќе кажат „не“. Тие го ценат редот и организацијата, па веднаш ја отфрлаат секоја ситуација која го загрозува нивниот мир и стабилност. Нивната способност да разликуваат што е важно, а што не, ги прави господари на поставувањето на границите.

Шкорпија

Шкорпиите се мистериозни и интуитивни, но и исклучително заштитнички настроени кон себе и кон своите најблиски. Ако почувствуваат дека некој се обидува да ги искористи или манипулира, нема да имаат проблем да кажат „не“. Шкорпиите ја ценат лојалноста и автентичноста, а нивната непоколеблива волја им овозможува да застанат на свои нозе и да отфрлат се што не им се допаѓа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов

На 62-годишна возраст, денес во Кочани, почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Неговите сопартијци се збогуваа со...

Топ11 часа

Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“

Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се...

Македонија13 часа

(Видео) Ставен под контрола пожарот во Кичево

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот...

Топ14 часа

Почина 35-годишно момче во Скопје – му се слошило дома па лекар во Градската болница констатирал смрт

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје. Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без...

Македонија17 часа

Спасовски: Мицкоски го смени ставот за Преспанскиот договор, а програмата на Владата е далеку од ветувањата

Програмата на Владата и концептите на партиите кои се дел од мнозинството се различни од ветувањата коишто беа дадени пред...

Македонија17 часа

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана...

Топ17 часа

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата...

Регион20 часа

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во...

Македонија20 часа

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и...

Македонија21 час

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на...

Македонија1 ден

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се...

Регион1 ден

(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот

Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села...

Регион1 ден

Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја

Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите...

Македонија2 дена

(Видео) 30-годишна Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Солун, објавија грчките медиуми

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација Верија – Солун, денеска напладне. Беше околу 12 часот,...

Регион2 дена

Почна да се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

По хаосот и прекините во електроенергетскиот систем, електричната енергија е вратена во многу градови низ Босна и Херцеговина. Се врати...

Македонија2 дена

Меџити: Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа

Денеска, од оваа промотивна конференција на програмските столбови и новиот владин тим, накратко ќе ги претставам нашите предизвици во наредните...

Македонија2 дена

Деспотовски: Изборите на 30 јуни се референдум за СДСМ – продолжуваме по старо или одиме по ново

Кандидатот за претседател на Социјалемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски порача дека престојните претседателски избори во партијата се референдум на...

Македонија2 дена

Сообраќајка на патот Прждево кон Демр Капија, сообраќајот во целосен прекин

Oд 12:10 часот на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен...

Европа2 дена

(Видео) Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан...

Македонија2 дена

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма....