Контакт

Економија

Бизнис делегација од Катар наскоро во Македонија

Објавено пред

Висока делегација од Катар на почетокот на март ќе ја посети Република Македонија, при што ќе се конкретизираат идните проекти кои Катарците планираат да ги реализираат во нашата држава.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти министерството за економија, посетата на катарската делегација договорена е на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов и министерот за економија Ваљон Сараќини со генерaлниот директор на „Групацијата Катара“ која се занимава со хотелиерство и  има повеќе од 55 хотели само во Катар и 20 во други држави. „На состанокот со претставници на „Катар фондацијата“ беше договорено нашите универзитети да ги почнат интензивните разговори за партнерство со оваа фондација“, истакна Сараќини. Македонската делегација остварила и состанок со генералниот директор на „Катар Ервејс“, кој потенцирал дека до крајот на годинава планираат да отворат и директна чартер линија помеѓу Доха и Скопје.Министерот Сараќини информираше дека „Катар Ервејс“,  планира да понуди Доха да биде транзит центар на сите граѓани кои  од Македонија патуваат во далечниот исток“. На средбата која претседателот Иванов и македонската делегација ја имале со премиерот на Катар бел даден јасен сигнал од негова страна до сите министри во катарската Влада дека до крајот на оваа година во Македонија треба да се реализираат конкретни проекти во делот на енергетиката, земјоделството и туризмот. Продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Катар добива и правна рамка со потпишување повеќе договори во областа на економијата. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември

Објавено пред

Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.

Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.

Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Економија

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Согласно oдлуката на vлада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.

„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во pодрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, се истакнува во соопштението од ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ се зголемува цената на мазутот

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.6.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,061%, кај дизелот 0,419%, кај екстра лесното масло за 0,400% и кај мазутот зголемувањето е за 3,489%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%

Од 29.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,928 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,208 ден/кг и сега ќе изнесува 47,928 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Победа на екстремната десница, голем пораз за Макрон, левицата итно подготвува нов план

Екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг од француските парламентарни избори, покажаа излезните анкети,...

Македонија42 минути

Метежот на „Табановце“ е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион1 час

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Македонија1 час

„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче со 9 илјади гласови, колку се потребни за советник во општина стана лидер на СДС. Еден Заев се...

Спорт1 час

Известувачите од Вимблдон за Макфакс прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените се е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија3 часа

Метеж на „Табановце” и „Богородица”, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија12 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија12 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија13 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија16 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија18 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија19 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија20 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија21 час

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија22 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија23 часа

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија1 ден

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија2 дена

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија2 дена

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија2 дена

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...