Економија
Точно ќе се дефинира статусот на јавен службеник

Точно дефинирање кои вработени во јавните претпријатија ќе имаат статус на јавни службеници се предвидува со најновите законски измени во сферата на администрацијата и институциите што ги усвои владата по рпепорака на Уставниот суд.
Како што појасни владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев со измените се очекува да се обезбедуи поголема правна заштита на интересите на вработените во институциите во ситуациите на мобилност и преземања од една во друга институција, да се обезбедат услови за овозможување на поголема мобилност на вработените, и се пропишува и точно се дефинира кој вработен во јавните претпријатија влегуваат во редот на јавните службеници. Јавни службеници ќе станат и вработените во јавните претпријатија кои вршат работи од административна природа во врска со јавната служба, односно вршат работи од:стручно административни, нормативно – правни, извршни,управни,статистички,административно – надзорни, плански,кадровски,материјално – финансиски, сметководствени, информатички работи, и други работи од административна природа, а во врска со вршењето на работите од јавната служба согласно со закон. Значи статус јавни службеници ќе имаат само вработените во јавните претпријатија кои вршат работи од административна природа во функција на јавната служба, и кои се издвоени од останатите вработени кои вршат работи од неадминистративна природа, за кои ќе продолжат да се применуваат одредбите од Законот за работните односи.Доколку Собранието го усвои предлог законот, секое јавно претпријатие врз основа на законските дефиниции кои се наведени во однос на профилот на вработените од јавните претпријатија кои ќе станат јавни службеници, ќе го утврди точниот нивен број во јавното претпријатие и тие потоа би влегле во Регистарот на јавните службеници кој го води Министерството за информатички работи и администрација.Со овие законски измени се воведува обврска и услов самиот вработен да се согласи со промената на работното место и работодавачот и одењето кај друг работодавач на работно место, обврска која досега не беше предвидена. Досега при реализација на мобилноста беше доволно да постои договор помеѓу раководниот орган на институцијата која презема вработен и раководниот орган на институцијата од која се презема вработениот, а сега покрај согласноста на овие две претходно наведени страни(стариот и новиот работодавач) ќе треба да постои и согласност на самиот вработен за тоа процесно дејство во врска со него. На овој начин се обезбедува повисок степен на заштита на правните и индивидуални интереси на вработените кои би биле опфатени со ваквата мобилност, и би се направил баланс помеѓу интересите на институциите и интересите на вработените, а мобилноста би добила нов квалитет во поглед на аргументацијата, рече Ѓорѓиев. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Министерката Димитриеска-Кочоска ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија.
Министерката Димитриеска-Кочоска ќе се обрати на Тркалезна маса „Leveraging private business and finance“ во рамки на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља.
На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, министри, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „Договорот од Севиља“.
Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор.
Во рамки на посетата, предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да одржи билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, а на средбата ќе присуствува и министерката Димитриеска -Кочоска.
Економија
Гувернерот Славески се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД: истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки, соопшти Народната банка.
Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.
Економија
Манасиевски: Македонија ќе стане транзитен центар за гас и нето извозник на струја

„Од држава што увезуваше струја и беше енергетски слепо црево, сега стануваме транзитен центар за гас и иднина на извоз на енергија – ова е енергетиката со ВМРО-ДПМНЕ,“ порача денеска Валентин Манасиевски.
Манасиевски го презентираше прегледот на првата година работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика, потенцирајќи дека е направен радикален пресврт по, како што рече, „седум години застој и злоупотреби“.
Тој најави дека преку новите гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија ќе стане клучна транзитна точка за пренос на природен гас кон Србија и Средна Европа. Станува збор за гас од ТАП гасоводот и од терминалот во Александропулис, кој ќе поминува низ земјава со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно.
„Ова значи гаранција за енергетска диверзификација на целиот регион и значително зголемување на употребата на неруски гас – американски, азербејџански и друг“, изјави Манасиевски.
„Само за една година поставивме темели за Македонија од нето увозник да стане нето извозник на електрична енергија. Следуваат големи проекти за производство на струја – фотоволтаици, хидро, ветро и нови инвестиции,“ рече Манасиевски.
Тој посочи дека новиот Закон за енергетика го поставува секторот на стабилни нозе, а новиот услов за батериски системи кај фотоволтаичните централи ќе овозможи поефикасна и стабилна мрежа.
Дополнително, тој информираше дека е инсталиран нов 400kV трансформатор во Битола 2, со што се гарантира стабилноста на југозападниот дел од државата. Концесискиот надомест за рудниците, пак, е зголемен два и пол пати, што директно го полни буџетот на државата.
„Одговорна власт значи повеќе пари за државата, не за партиски џебови“, истакна Манасиевски.