Македонија
Двојно зголемен бројот на кривични дела со мигранти, вкупно 1.750 ја минале нашата граница
Вкупно 1750 имигранти од Албанија, Авганистан и од други земји од Блискиот и Среден Исток и Северна Африка ја минале државната граница на Македонија, а десетина од нив загинаа во железнички несреќи и не успеаја да стигнат до земјите не Европската Унија коишто се нивна цел. Дел од нив ги фати полицијата и завршија во Прифатниот центар во Скопје. Во овој центар лани биле сместени 838 илегални мигранти.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, изминатата 2014 година во областа на илегалната миграција откриени се 92 кривични дела „криумчарење мигранти“, што е за речиси двојно повеќе од претходната 2013 година, а кривично пријавени биле 166 лица.Полицијата детектирала четири криминални групи кои имале 28 членови и организирале криумчарење мигранти од Блискиот и Среден Исток и Северна Африка во западноевропските земји. По однос на кривичното дело “организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти“ откриени се 17 вакви кривични дела во кои кривично се пријавени 43 сторители.Од Македонија, пак, азил побарале 32 лица и откриени се 19 случаи на злоупотреба на безвизниот режим со држави членки на ЕУ и Шенгенскиот договор.Во Владата во вторник се одржа дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ. Директорот на оваа иницијатива Трпе Стојановски вели дека најголем број од миграните се економски, односно бегаат од своите земји од безбедносни причини за да спасат жива глава. „Прашањето на нерегуларната миграција е, пред сé, прашање на земјите кои се соочуваат со овој проблем и треба да го менаџираат. Имајќи во предвид дека ова е појава и тенденција, феномен кој оди во нагорна линија, се интензивира и сите индикатори упатуваат на тоа дека ќе продолжи да се интензивираат, мерките на превенција и разјаснување на секој случај којшто ќе биде детектиран се во надлежност на националните институции. Она што го прави МАРРИ е да ги обедини земјите да разменат искуства и да се бараат решенија кои на регионално ниво може да превенираат’“, изјави Стојановски.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање на брифингот рече дека Хрватска ја напуштила иницијативата, но изрази надеж дека ќе се следи нејзиниот пример за зачленувањето во Европската унија.„Европската перспектива и зачленувањето во ЕУ е единствена опција за сите земји од регионот. Иако Македонија подолго време е земја кандидат сепак тоа не не обесхрабрува туку напротив ни дава дополнителна сила да покажеме дека ние сме подготвени за отпочнување на процесот на преговори, и тоа час поскоро. Со цел подготовка на земјата за преговори за членство во ЕУ, Владата успешно спроведе неколку процеси и тоа високиот дијалог за пристапување што целосно е исполнет, а воедно направи и длабинска анализа за усогласеност на македонското со европското законодавство. Стратешка определба на Владата на Македонија останува членството во ЕУ и НАТО“, рече Јанкулоска.Станува збор за регионална иницијатива којашто е формирана пред 12 години, седиштето и е во Скопје и секоја од земјите членки од регионот имаат свои претставници./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Охрид и Крушево го отвораат новиот циклус на ИПА III-проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес во Охрид го означи почетокот на реализацијата на два нови проекти одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија.
Настанот започна со воведни обраќања на Перински, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Еридана Чано, генерален директор на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош во Република Албанија, како и градоначалниците на Општина Охрид и Крушево, Кирил Пецаков и Нико Чонески.
Во рамките на настанот беа потпишани два договори за национално кофинансирање меѓу Министерството за локална самоуправа и носителите на проектите, како и Договорот за партнерство за техничката помош на Програмата за прекугранична соработка со Албанија, во висина од 500.000 евра.
„Овие две нови инвестиции во вкупна вредност од повеќе од 1.6 милиони евра ќе придонесат за создавање одржлив туристички производ, кој ја спојува природата, културата и автентичноста на целиот регион.“, истакна Перински.
Проектот „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ е во рамките на тематски приоритет 1 – Заштита на животната средина и подигнување на отпорноста на регионот, додека пак проектот „Крушево и Елбасан – патување низ природата и авантурата“ е во рамките на тематски приоритет 2 – Развој на одржлив туризам и заштита на природното и културното наследство.
„Министерството за локална самоуправа, како институција надлежна за спроведување на прекуграничните програми со сите соседни земји, продолжува активно да работи на отворање нови можности за искористување на финансиската поддршка што Европската Унија ја става на располагање за регионален развој, интеграција и соработка“.
Македонија
Николоски – Тигањ: Фокус на Владата се инфраструктурните проекти, регионот може да напредува преку економската соработка
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата Николоски ја потенцираше можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји.
Тој ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и железнички Коридори 8 и 10, како дел од европските транспортни мрежи.
Посебен фокус на средбата се стави на изградба на брзата пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и ефикасен транспорт на добра кон Централна и Источна Европа, нагасувајќи ја можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на овој проект.
Двајцата говорници разменија и мислења околу актуелните политички прашања во земјава и регионот, евроинтегративниот процес и стабилноста на Западен Балкан.
Вицепремиерот Николоски и амбасадорката Тигањ ги потврдија одличните односи меѓу Македонија и Хрватска и се согласија истите да продолжат да се оддржуваат на високо ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателство меѓу двете земји.
Македонија
26 малолетници затекнати по 24 часот, од нив 14 под дејство на алкохол при контрола во угостителски објект во Свети Николе
Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе, соопшти МВР.
При контролата, во угостителскиот објект биле затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.
Според полицијата, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица.
„Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.

