Економија
ЕУ преку проект вреден 450.000 евра ќе го зајакнува капацитетот на НБРМ
Проект на Европската унија (ЕУ) во вредност од 450.000 евра, чија цел е зајакнување на капацитетите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и нејзино прилагодување кон европските стандарди, претставен е во вторникот во Скопје.
Проектот за анализа на потребите на НБРМ за пристапување во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Евросистемот бил одобрен на 15 октомври 2012 година, а најголем дел од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ. Предвидено е имплементацијата на овој проект да трае девет месеци.Гувернерот Димитар Богов истакна дека со реализацијата на проектот и препораките кои ќе произлезат од него ќе и се олесни на НБРМ поефикасно да го спроведе процесот на приклучување во ЕСЦБ, а подоцна и во Евросистемот, штом Македонија ќе ги исполни критериумите за пристапување во ЕУ.“Спроведувањето на европските стандарди и најдобри практики во работењето на НБРМ е од особено значење, бидејќи не само што ќе овозможи процесот на пристапување во ЕСЦБ, туку ќе придонесе и за обезбедување на ценовна стабилност и стабилност и ефикасност на финансискиот систем во земјата, што е предуслов за членство во ЕУ“, рече Богов. Експерти од ЕЦБ и националните централни банки во изминатите три месеци работеле во соработка со домашни експерти на утврдување на насоките за работата на НБРМ според европските стандарди за работа и најдобри практики во десет области. Станува збор за монетарна политика и политика на девизен курс, економска анализа и истражување, статистика, платни системи, банкноти, сметководство, правни услуги, внатрешна ревизија, информатичка технологија и човечки ресурси. Предвидено е во наредниот период експертите да ги проценат состојбите во правната рамка и практиката во работењето на НБРМ во овие области и да ги утврдат „јазовите“ во однос на договорените одредници. Препораките што ќе се добијат во вид на извештај во последната фаза ќе претставуваат основа за поставувањето на стратешките насоки за јакнење на институционалниот капацитет на НБРМ во наредниот период..Евроабасадорот Аиво Орав истакна дека овој проектот ја покажува заедничката посветеност да се поддржуваат земјите кои се со кандидатски статус. „Нашиот систем не е насочен само кон себе, туку е инструмент преку кој се одржува макроекономската и финансиската стабилност“, рече Орав. Директорот на Генералниот директорат за меѓународни и европски односи при ЕЦБ Френк Мос, информираше дека Проектот го координира Европската централна банка, а се спроведува во партнерство со централните банки на десет земји од еврозоната, Германија, Естонија, Ирска, Шпанија, Италија, Малта, Холандија, Австрија, Словенија и Словачка. „Веруваме дека клучните фактори за успех на нашите проекти за техничка соработка се базираат на јасни цели кои што се поставени заедно со корисникот на проектот и дека проектот е имплементиран од страна на експерти од ЕЦБ и од националните банки работат на одредени области“, изјави Мос, Според него, потпирањето на експерти кои секојдневно работат на одредените области од централно-банкарското работење во моментов претставуваат предизвик. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

