Контакт

Македонија

Тодоров ги претстави слободните здравствени зони во Шпанија

Објавено пред

Изминатите два дена македонскиот министер за здравство Никола Тодоров пред повеќе претставници од шпанскиот здравствен сектор го презентираше концептот на слободни здравствени зони, како и можностите и придобивките од инвестирање во нив, а воедно потпиша и меморандуми за соработка со тамошни реномирани здравствени установи.

dobivaj vesti na viber

Министерот за здравство, Никола Тодоров, во понеделникот и вторникот престојуваше во дводневна работна посета на Шпанија, во чиишто рамки оствари средби со менаџерите на повеќе реномирани медицински центри, меѓу кои Универзитетската општа болница во Валенсија, Универзитетската болница на Рибера во Алсира, како и Офталмолошката Фондација на Медитеранот, која е интегрирана во системот на фондацијата за развој на здравствените и биомедицински истражувања на заедницата на Валенсија – ФИСАБИО.Во текот на посетата на Универзитетската општа болница во Валенсија, министерот Тодоров оствари средба со Серхио Бласко Переперез, генерален директор на Конзорциумот на Општата болница во Валенсија и Ампаро Мора Кастелја, член за општествена добросостојба и здравје на Конзорциумот и доцент за биомедицинско истражување и развој на здравствените науки. Во рамки на средбата, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за здравство и споменатата реномирана здравствена установа.Меморандумот предвидува соработка од аспект на едукација на медицински персонал и останати здравствени работници, заедничко учество во истражувачки проекти, вклучувајќи и соработка во проекти за меѓународна помош преку Фондацијата за истражување и Министерството за здравство како и заемна размена на информации и заеднички придонес кон унапредување на функционирањето на институциите преку техниките за здравствен менаџмент.Министерот Тодоров се сретна и со советникот за здравство на Автономната заедница на Валенсија, Мануел Љомбарт Фуертес, при што ја потврдија заедничката посветеност на соработката во претстојниот период, како и со претседателот на Кралската академија за медицина на Заедницата на Валенсија, г. Антонио Љомбарт Бош, со кого е договорено потпишување на спогодба за научно-истражувачка работа. Воедно, Претседателот на Кралската академија за медицина упати покана до Министерот Тодоров да го презентира здравствениот систем на Република Македонија пред сите членови на оваа академија.   Во рамки на работната посета на Шпанија, Министерот Тодоров оствари посета и на Универзитетската болница на Рибера, во Алсира, и се сретна со управителот на болницата, Мануел Марин. На средбата беа разгледани можностите за едукација на македонски здравствени работници во повеќе области, меѓу кои и во областа на проучување на системот на менаџирање со болницата, имајќи предвид дека станува збор за исклучително рационален модел кој овозможува големи заштеди за здравствениот фонд на државата.Универзитетската болница на Рибера е здравствена установа организирана по принципот на јавно-приватно партнерство, која обезбедува здравствени услуги за речиси 250 илјади пациенти. Оваа болница претставува референтна болница во регионот, особено откако била проучувана во рамки на изготвувањето на здравствената програма на САД.Во текот на работниот престој во Шпанија, Министерот Тодоров ја посети Офталмолошката Фондација на Медитеранот, која е интегрирана во системот на Фондацијата за развој на здравствените и биомедицински истражувања на заедницата на Валенсија – ФИСАБИО.На средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и директорот на ФИСАБИО, со кој се предвидува организирање на обуки и едукации за доктори специјалисти, медицински сестри, РТГ техничари и други здравствени работници од Македонија во рамки на Офталмошката фондација. Исто така, со меморандумот се предвидува и активно вклучување на македонски здравствени работници како волонтери во рамки на научни и истражувачки проекти кои ги спроведува оваа фондација, како и нивно вклучување како автори на релевантни медицински статии и публикации. Воедно, со овој меморандум ќе се овозможи експерти од фондацијата да спроведуваат обуки во релевантни медицински центри во Македонија. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР

Објавено пред

Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 степени, додека максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, јавува УХМР.

dobivaj vesti na viber

За Скопје се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Во Скопје, исто така, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу -6, а максималната ќе биде до 2 степени.

Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе продолжи претежно стабилно време, со појава на магла во поодделни котлини. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, односно снег на планините и повисоките места.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Објавено пред

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53) од Апелациониот суд Скопје, осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Според истрагата, Ѓ.Р. во периодот од февруари 2020 до денес не пријавувал промени во имотната состојба и дал лажни податоци за личниот и семејниот имот, кој, како што се наведува, значително ги надминува неговите законски приходи.

Од клучно значење за случајот се наодите од претресот извршен на 18 јануари 2026 во домот на родителите на осомничениот во Неготино. Таму, според МВР, полициските службеници забележале необични градежни активности во кујната, конкретно промени на ѕидните плочки. По отстранување на една од нив, откриена била дупка во ѕидот.

Во неа биле скриени 13 алуминиумски цилиндрични пакувања, во кои биле пронајдени вкупно 835 банкноти — 610 од по 500 евра и 225 од по 200 евра. Вкупната вредност на пронајдените пари изнесува 350.000 евра.

Обвинителството претходно денес побара куќен притвор за судијата, откако пред два дена беа пронајдени парите.

Фото: илустрација

Прикажи повеќе...

Македонија

ВЛЕН: Ѓоко Ристов заедно со судијата Енвер Беџети го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков

Објавено пред

Од

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра пари осомничени за корупција не е само индивидуален скандал. Оваа вест уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, изјави портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани.

dobivaj vesti na viber

„ВЛЕН е убеден дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги штити силните, а ги угнетува обичните граѓани. Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е фактот дека Ѓоко Ристов не е непознато име за правдата. Напротив. Тој, заедно со судијата Енвер Беџети, сега прогласен за нон грата, беа и дел од судските одлуки што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава, кој денес слободно вози Ферари во Монако“, рече Сулејмани.

Тој потсети дека Енвер Беџети бил санкциониран како нон грата заедно со бегалецот од правдата, исто така нон грата Артан Груби, токму врз основа на сомневања дека влијаеле врз одлуките што му овозможиле на Сашо Мијалков да ужива во слободата и да го троши своето богатство.

„Ако некој мисли дека ова се случајности, тогаш не разбира зошто граѓаните се револтирани. Затоа, денес поставуваме неколку конкретни прашања: во колку други случаи биле вклучени Ѓоко Ристов и Енвер Беџети? Во колку случаи биле дел од одлуки за притвор, финансиски гаранции или одложувања на постапките? Кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди и избегнување на одговорност за моќници? Главното прашање што останува е кој ги држел овие луѓе на овие позиции толку години и зошто?“, рече Сулејмани.

Тој кажа дека потребни се целосни и независни истраги, конкретна одговорност, со имиња и презимиња и радикално чистење на систем скапан до срж.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија2 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија4 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија4 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија5 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија6 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет7 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ8 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет9 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет10 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет10 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет10 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа11 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет11 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет12 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...