Забава
„Саут парк“ под закана од исламисти

Американската сатирична цртана серија „Саут парк“ стана цел на закани од страна на муслиманска група, откако во една епизода го прикажа пророкот Мухамед облечен како мечка, јавува Reuters
Малку познатата група „Револушн.маслим.ком“ во понеделникот на својата веб страница постави порака во која ги предупредува авторите на серијата, Мат Стоун и Треј Паркер, дека „тоа што го прават е глупаво и најверојатно ќе завршат како Тео ван Гог“. Тео ван Гог е холандски режисер кој беше убиен во 2004 година од еден муслимански милитант заради неговиот филм, во кој го обвинува Исламот дека спроведува насилство врз жените. „Револушн.маслим.ком“ во пораката прикачиле и многу индикативна слика од убиството на режисерот, како и линк до новинарски напис во кој е опишан имотот во Колорадо, во сопственост на Стоун и Паркер. Предупредувањето од фундаменталистите следеше по емитувањето на првиот дел од дводелната епизода на „Саут парк“ од минатата недела, во која пророкот Мухамед најпрвин е прикажан сокриен под црна налепница „цензурирано“, а потоа облечен како мечка. Во вториот дел од епизодата, Исус Христ е прикажан како гледа порно филмови, а Буда како шмрка кокаин. За повеќето муслимани, прикажувањето на оснивачот на Исламот на каков и да е начин е навредливо и токму поради тоа Мухамед е прикажан на тој начин. „Саут парк“ во новата епизода, која се емитуваше во средата го скремблуваше приказот на Мухамед и со тонски звук ги покри неговите зборови, а во текот на целата епизода одеше натписот „цензурирано“. Од продукцијата не сакаа да коментираат дали и тоа е дел од нивниот хумор или попуштиле пред заканите. Оваа популарна цртана серија има историјат на поигрување со познати личности, политичари, ѕвезди. Двајцата филмаџии од Колорадо се познати и по тоа што ги работат епизодите до последен момент пред емитување, за да можат да уфрлат свои гледишта на најактуелните настани. Од другата страна, раководителот на „Револушн.маслим.ком“, 30-годишниот Јунус Абдула Мухамед тврди дека објавената порака не е закана.„На кој начин е тоа закана? Да се прикаже пример од она што и се случило на некоја друга личност која се однесувала на сличен начин? Тоа е само доказен материјал и ние никому не рековме да оди во нивната куќа и да ги убие“, се брани Мухамед. Службите за безбедност во САД многу ретко постапуваат по ваквите закани. Првиот амандман на Уставот на САД дава огромни права за слободата на говорот, а што е тоа закана најчесто е предмет на индивидуално толкување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.