Забава
Хрвати ќе патуваат во вселената
Хрватската туристичката агенција Уликс, која ја застапува американската компанија Вирџин галактик потврди дека има петмина заинтересирани Хрвати за к
Хрватската туристичката агенција Уликс, која ја застапува американската компанија Вирџин галактик потврди дека има петмина заинтересирани Хрвати за комерцијален лет во вселената.
Агенцијата не сакаше да ги открие имињата на заинтересираните, а хрватските медиуми го споменуваат сплитскиот бизнисмен Јурослав Буљубашиќ.
Вселенските патници за двоипол часовен лет во вселената треба да платат 157 илјади евра, а претходно мора да поминат подготовки, кои не се многу тешки.
Комерцијалниот лет во вселената не се споредува со мисиите со вселенски бродови, туку се работи за лет во атмосферата на висина од околу 100 километри над земјата, а патниците во вселенскиот брод кој лета и со брзина од 400 километри на час, неколку минути ќе бидат во бестежинска состојба.
Хрватска е една од 35 држави на светот, што нуди вселенска авантура.
Вирџин Галактик, е сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон, кој во 1996 го покрена проектот за комерцијални летови во вселената вреден десет милиони американски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.