Култура
Пакистан: САД да ги сопрат нападите

Пакистан го повика американскиот претседателБарак Обама да ги запре ракетните напади на САД врз упориштата на Ал Каеда натериторијата на Пакистан, близу границата со Авганистан.
Пакистан го повика американскиот претседателБарак Обама да ги запре ракетните напади на САД врз упориштата на Ал Каеда натериторијата на Пакистан, близу границата со Авганистан.
Пакистан укажува дека цивилите гинатво напади што започнале по инаугурацијата на Обама, минатиот вторник.
Пакистанските власти тврдат дека меѓу22 загинати во двата напади во регионот Вазириостан, само осум се осомниченидека се странски војници.
“Пакистан искрено се надева декановата влада на САД ќе ја преиспита политиката и ќе прифати поцелосен пристапво постапките со тероризмот и екстремизмот“, соопшти пакистанското Министерствоза надворешни работи.
САД, директно, не признаа испалувањена проектили за кои се верува дека повеќето се лансирани од беспилотни леталасо кои преку далечински команди управува ЦИА, а полетуваат од Авганистан.
Обама не ги коментираше ракетнитенапади.
Сепак, тој, како надворешнополитичкиприоритет ја стави војната во Авганистан и борбата против Ал каеда во Пакистан
./крај/ме/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Филмот Efterklang: Makedonium Band во продукција на МКЦ селектиран на 5 филмски фестивали

Филмот “Efterklang: Makedonium Band” во текот на 2025 година е селектиран на пет престижни европски филмски фестивали.
Проекциите, ќе бидат проследени со концерт на данскиот музички состав Efterklang, а на дел од нив, ќе се одржат и настапи на целосниот музички ансамбл “Efterklang: Makedonium Band”.
Фестивалите, во чии рамки ќе биде прикажан филмот се “Balkan Film Week” во Лајпциг, “Budapest Ritmo Festival” во Будимпешта, “Dokfest Munich” во Минхен со пет последователни проекции, фестивалот “Ethniesy” во Бидгошч, Полска и “Tromso World” во Тромсо, Норвешка.
Филмот, успеа да биде и дел од каталогот на филмови на престижната авиокомпанија “Fly Emirates”, како дел од понудата филмови за време на прекуокеанските летови.
Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 насловен “Efterklang: Makedonium band” во продукција на Rosforth и Rumraket (Данска) и ЈУ Младински културен центар, минатата година ја имаше својата светска премиера на престижниот европски фестивал за документарен филм “CPH:DOX” во Копенхаген.
Филмот претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.
Ефтеркланг во рамките на својата европска турнеја ќе настапат на 1 мај во културниот центар Паблик Рум.
Култура
Премиера на претставата за деца „Жива досада“ на 8 мај во МНТ

На 8 мај во 18:00 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а режијата ја потпишува Билјана Јовановска.
Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација.
Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разни обврски, само за да ја избегнат досадата. Ликовите на децата, Вања и Бојана, кои се претставници на децата на денешното време, во еден момент се среќаваат со дел од ликовите на Недојдија, каде што во одреден момент си ги менуваат местата, со цел да докажат во чие време е подосадно. Претставата поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.
Сценографијата е на Мартин Манев, музиката е на Оливер Митковски, костимограф е Валентина Чонкова, а кореограф е Нина Деан.
Претставата е наменета за возрасна категорија 5+.
Следната изведба е на 9 мај во 18:00 часот, а билетите за претставата се веќе пуштени во продажба.
Претставата е во продукција на РСМ НУ Македонски народен театар и е финансирана од сопствени средства.
Култура
(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.
Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.
Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.
Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.
„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.
Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.
Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.