Забава
Гордон Браун призна дека е срамежлив и дека нема вкус за облекување
Британскиот премиер Гордон Браун призна дека луѓето би можеле да помислат дека е „чудно“ за некој кој е срамежлив да управува со една држава, како и дека „не е баш добар“ во изборот на облека.
Британскиот премиер Гордон Браун призна дека луѓето би можеле да помислат дека е „чудно“ за некој кој е срамежлив да управува со една држава, како и дека „не е баш добар“ во изборот на облека.„Мислам дека човек не може да се ослободи од срамежливоста. Некој би помислил дека тоа е многу необична професија за некој кој е срамежлив“, изјави Браун во врска со својата функција.„Потекнувам од средина во која луѓето мораат да се борат за се. Одев во обично училиште. Сам си го отворив патот. Нештата не беа секогаш лесни“, објасни Браун.Во врска со ставовите на критичарите дека е мрачен, без харизма и дека нема стил лидерот на Лабуристите призна дека неговата сопруга Сара сакала да се облекува елегантно, па тој смета дека можеби елегантната облека остава таков впечаток.„Не сум баш добар во тој домен“, додал тој.Браун ја отфрли сугестијата дека ќе се потруди да биде похаризматичен, како неговиот претходник Тони Блер.„Доволно сум одлучен за да носам тешки одлуки и навистина правам се што можам за луѓето да разберат кон што целам. Ако луѓето сакаат личност која ќе им говори само за она што сакаат да го слушнат, тогаш тоа не сум јас“, рече Браун./крај/бл/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Колку заработува Мараја Кери секоја година од нејзиниот најголем хит?
Декември почна, а празничната сезона е во полн ек. Додека домовите се украсени, а градските плоштади блескаат, една песна неизбежно станува саундтрак на сезоната – „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери. Но, дали некогаш сте се запрашале колку заработува Кралицата на Божиќ од нејзиниот безвременски хит?
Одговорот можеби ќе ве изненади.
Овој глобален феномен, кој ги руши сите рекорди за слушање, е создаден неверојатно брзо. На Кери и нејзиниот соработник Валтер Афанасиев им требаа само 15 минути да ја напишат и компонираат песната. Објавена во 1995 година, песната стана апсолутен божиќен класик во текот на изминатите три децении.
Иако ниту пејачката ниту нејзиниот тим никогаш официјално не ги открија точните износи, новинарите се обидоа да дојдат до проценки. Според извештајот на „Њујорк пост“, Мараја Кери наводно заработува неверојатни 3 милиони долари секоја година од оваа песна. До 2021 година, вкупната заработка од објавувањето на песната надминала 60 милиони долари.
За да биде уште поимпресивно, ова значи дека пејачката заработува 316 долари на час само од оваа една песна.
Успехот на песната „All I Want For Christmas Is You“ ги надмина дури и нејзините најлуди очекувања. Во интервју за „Billboard“, таа призна дека немала поим дека песната ќе стане таков светски феномен.
„Како можев? Беше толку рано во мојата кариера, а повеќето млади уметници во тоа време не правеа божиќна музика на почетокот на нивните кариери“, додаде таа.
фото/ЕПА
Забава
(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“
Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете.
Тие ја споделија добрата вест на „Инстаграм“ со фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет.
View this post on Instagram
„Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. Голема почит до сите мајки. Неверојатно е што може да направат нашите тела“, напиша Хаџинс покрај фотографијата давајќи им до знаење на многумина дека таа и нејзиниот сопруг го добија своето второ дете.
Полот и името на нивното второ дете не се откриени, а претставниците на познатиот пар за медиумите не ја коментираа оваа добра вест.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Хаџинс и Такер станаа родители првпат во јули 2024 година. Тогаш добија син, чие име сè уште не е познато.
Ванеса еднаш зборуваше за својата нова улога – улогата на мајка и истакна дека мајчинството е најисцрпувачката работа на светот.
View this post on Instagram
„Ми дозволи да забавам и да уживам во моментот. Лесно е секогаш да гледаш напред, но најважно е она што е пред тебе сега“, рече таа.
Забава
(Видео) Лорен Санчез го покажа лицето и шокира многумина
Лорен Санчез неодамна присуствуваше на американската емисија „Добро утро, Америко“, а странските медиумски фотографи ја фотографираа пред студиото во Њујорк.
Иако сопругата на Џеф Безос се смета за дама што често прави грешки при изборот на модни парчиња, се чини дека овој пат побарала совет од стилист.
Имено, за оваа посебна пригода таа носеше монохроматско издание – црна облека надополнета со струкиран капут. Ова шик парче се карактеризира со едноставен крој, но и преголеми ракави.
Таа додаде и црвена кожена чанта во својот избор, како и длабоки црни чизми. Сепак, најголемо внимание привлече нејзиното лице, кое, како што може да се види, го „доработила“ за нејзиното појавување во американската емисија.
Филерите и ботоксот беа многу забележливи, а луѓето едвај ја препознаа…

