Контакт

Култура

Почнува 30-то издание на „Браќа Манаки“

Објавено пред

Директорот на 30-то јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Лабина Митевска на денешната прес-конференција во Битола изјави дека светски познатата актерка Викторија Абрил пристигнала во Битола

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме за јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Викторија Абрил е во Битола. Се одмора во хотелот „Епинал“. Таа на 29 септември ќе има посебна средба со новинарите од земјава и странство. Мојот осуммесечен напор да ја доведам Абрил во Македонија успеа, истакна Митевска. Освен шпанската актерка, како „топ ѕвезда“ на фестивалот во Битола веќе пристигна и Ентони Дод Мантл, оскаровец од „Сиромашниот милионер“, а на јубилејното издание ќе гостуваат и Били Вилијамс, оскаровец за европскиот филм „Ганди“ на Ричард Атенбороу, Питер Сушицки кој ќе го предводи стручното жири, како и најпознатите новинарски пера на светски познатите и специјализирани списанија за филм „Вараети“ и „Скрин Интернешнл“, но и новинари од Франција, Словенија, Чешка, Србија, Хрватска и други земји. „Битола ќе биде добар домаќин за сите. Во салата за проекции поставивме специјално платно, единствено од ваков тип во Македонија. Хотелите, рестораните, културно-историските објекти се отворени. Градот што 30 години негува голем фестивал овие денови достоинствени ќе ги слави браќата Манаки, посочи битолскиот градоначалник Владимир Талески. Свеченото отворање на јубилејното 30. издание на „Браќа Манаки“ – Битола, под покровителство на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе се случи вечерва во 19:30 часот во Н.У. Центар за култура



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки

Објавено пред

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20. издание на „Танц фест“, го најавуваат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

dobivaj vesti na viber

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.

Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик“.

На настанот збор ќе земат: Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Билетите за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

Прикажи повеќе...

Култура

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Денес е Ден на македонскиот јазик

Објавено пред

Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 час

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија2 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија2 часа

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура

Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода...

Македонија3 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија13 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија16 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ17 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ17 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет18 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...