Забава
Третиот брак е смртоносен

Често велат дека бракот го подобрува здравјето, но доколку се жените често, тоа може да ве испрати во гроб порано.
Често велат дека бракот го подобрува здравјето, но доколку се жените често, тоа може да ве испрати во гроб порано.
Луѓето кои се женат три или повеќе пати, умираат порано од оние што склучуваат брак за цел живот.
Причина за тоа е стресот од бракот, што се зголемува со секој нов потпишан брачен договор, додека не дојде до бројката што човечкиот организам не може да ја поднесе.
Американските истражувачи го проучиле здравјето и личниот живот на близу 9.000 мажи и жени на возраст меѓу 60 и 70 години. Оние што имаат три брака, се со 34% поголеми шанси да умрат предвреме за разлика од оние што се ограничуваат само на еден брак. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Згодниот актер Џејсон Момоа и со лакирани нокти и розови папучи повторно ги освои жените

Самиот крај на Филмскиот фестивал во Венеција донесе вистинско изненадување, Џејсон Момоа во необично издание.
Холивудскиот актер се појави на осмиот ден од Филмскиот фестивал во Венеција и целосно ги изненади сите.
Тој ги шокираше сите со својот изглед, токму кога мислевме дека веќе сме виделе сè на овој Фестивал.
Имено, тој прошета во специјално „барби издание“. Џејсон избра розов костум кој го комбинираше со бела кошула, традиционално раскопчана кога е тој во прашање и сандали во иста боја.
Сепак, деталите се она што го издвојува секој стајлинг, без разлика дали е за мажи или жени, а овој пат Џејсон ги имаше налакирано ноктите.
Џејсон Момоа одамна е познат како актер кој нема предрасуди кога станува збор за облекување, па затоа појавувањето во розова боја воопшто не е шок за него, а не е ни прв пат. Уште во 2019 година, тој привлече внимание кога прошета во розов смокинг од Фенди на доделувањето на Оскарите.
Фото: ЕПА
Забава
(Фото) Српската модна инфлуенсерка блесна во Венеција

Венецискиот филмски фестивал е сè уште во тек, а парадата на славните личности на црвениот тепих е неизбежен аспект на овој настан.
Досега имавме можност да видиме креации кои го привлекуваат вниманието, но и такви кои се резервирани само за храбрите.
На црвениот тепих се појави и српската модна инфлуенсерка Тамара Калиниќ, a таа прошета во креација која привлекува погледи и воздишки.
Тамара одлучи да носи макси фустан во беж боја со цветни мотиви за посебната пригода.
Гламурозниот фустан се карактеризира со деколте во облик на срце кое ги нагласува градите. Целата креација е изработена од транспарентен материјал и открива многу за љубопитните набљудувачи.
Стајлингот го надополни со едноставна фризура, сребрени додатоци и шминка во земјени тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поранешната манекенка сè уште без конкуренција: демонстрира моќ на црвениот тепих

Познатата манекенка Ева Херцигова прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и во таа прилика повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неоспорен владетел на модната писта.
Таа нè воодушеви и на Неделата на модата во Милано кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на модната писта. Овој пат, таа ја демонстрираше својата моќ на црвениот тепих.
За појавување на толку гламурозен настан како што е Венецискиот филмски фестивал, Ева избра уникатен фустан и ги покажа своите модни вештини.
Кога сакате да бидете класични, елегантни и дефинитивно забележани, ќе изберете црн фустан, исто како Ева.
Таа позираше во долга црна креација со везени цветни мотиви на градите, но на таков начин што сè заедно изгледа совршено измешано и воопшто не кичесто.
Накитот „ја заврши својата работа“ и во овој случај, Ева имаше ефектни обетки и прстени, а посебен акцент стави на косата.
Таа го прошета познатиот ефект на мокра коса и покажа дека дефинитивно сè уште нема конкуренција.
фото: принтскрин