Забава
Поголем дел од Русите, празниците ќе ги поминат на гости

Овие новогодишни празници поголем број од Русите ќе ги поминат на гости. Ова се резултатите на анкетата, која не прецизира дали е тоа резултат на финансиската криза.Додека минатата година оние кои празниците сакаа да ги минат на гости беше 45 отсто, оваа година бројката порасна на 52
Овие новогодишни празници поголем број од Русите ќе ги поминат на гости. Ова се резултатите на анкетата, која не прецизира дали е тоа резултат на финансиската криза. Додека минатата година оние кои празниците сакаа да ги минат на гости беше 45 отсто, оваа година бројката порасна на 52 отсто. Исто така, се зголеми бројот на оние, кои празниците ќе ги поминат со шетање во природа, а се намали бројката на граѓани кои имаат намера десетте слободни денови да ги поминат дома.Новогодишните празници во Русија оваа година траат до 10 јануари. За тоа време, 15 отсто од Русите ќе ги носат своите деца во посета на разни новогодишни приредби, на кино, а 14 отсто ќе одат на санкање, лизгање и скијање. /крај/бе/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Која позната дама доминираше на Мет Гала?

Се одржа Мет Гала 2025, најпрестижниот моден настан во светот.
Овогодишната тема – Superfine: Tailoring Black Style – ја стави во фокус модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Tailored for You“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.
Како и претходните години, така и оваа година црвениот тепих во Metropolitan Museum of Art во Њујорк беше преплавен со луксузни креации.
Ова се најдобрите комбинации од овогодинешната Мет Гала.
Забава
(Видео) Обезбедувач стапна на фустанот на Ким Кардашијан на Мет Гала, таа остро го предупреди

Ким Кардашијан упати остро предупредување до обезбедувач откако тој стапнал на нејзината облека додека таа го напуштала хотелот на пат кон Мет Гала 2025 година. Ким беше снимена како го опоменува обезбедувачот додека таа и нејзината 11-годишна ќерка Норт Вест го напуштаа луксузниот хотел „Риц-Карлтон“ во Њујорк.
@nicolecerratob #kimkardashian #northwest #metgala #met #redcarpet #fyp #outfit ♬ original sound – Nicole
Видеото брзо стана вирално на „Тик-ток“ во кое Ким се појавува пред толпа обожаватели и фотографи, а еден обезбедувач случајно стапнува на долгиот врв од нејзиниот фустан.
Ова ја натера накратко да застане, а потоа да се сврти кон човекот. Иако лицето ѝ беше делумно покриено со кожна шапка, беше јасно дека го погледнува остро. „Можеш ли да внимаваш каде одиш?“, наводно му рекла таа, според читач на усни за „Мирор“.
Забава
Памела Андерсон без шминка и храбра фризура на Мет Гала

Актерката Памела Андерсон, поранешна ѕвезда од популарната серија „Чувари на плажата“, беше една од познатите личности кои присуствуваа на овогодинешната Мет Гала. Таа беше во друштво на нејзиниот син Брендон Томас Ли (28).
Андерсон прошета по црвениот тепих во сив фустан украсен со кристали, но токму нејзината фризура привлече најголемо внимание. Таа ја скрати долгата руса коса и покажа нова боб фризура, а на лицето немаше шминка.
Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер.
Овогодинешната тема Superfine: Tailoring Black Style се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Кроен за вас“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.