Економија
Растот на кинеската економија најбавен од 1999 година
Растот на кинеската економија забрза во четвртиот квартал на 7,9 отсто на годишно ниво, но поради слабостите во претходните квартали, втората по големина светска економија во 2012 година оствари најбавен раст во последните 13 години.
Според податоците на Кинескиот завод за статистика објавени во петокот, растот на бруто домашниот производ во последниот квартал бил за 0,5 проценти поени посилен во споредба со истиот период од 2011 година, но за цела 2012 година економијата пораснала за 7,8 отсто, што е најниска стапка од 1999 година.Податоците се нешто подобри од очекуваните, со оглед дека во анкетата на Ројтерс аналитичарите проценија дека кинескиот БДП во четвртиот квартал пораснал за 7,8 отсто, а за цела година растот изнесувал 7,7 отсто.Иако растот на кинескиот БДП забрза во последниот квартал, по седум квартали последователен пад, аналитичарите не очекуваат дека ќе продолжи позитивниот тренд.„Порастот на крајот на минатата година беше прилично силен, но тоа не е импресивно закрепнување. Во првата половина од годината растот ќе биде прилично силен, но трендот на растот на Кина ќе продолжи да забавува“, смета Кен Пенг, економист во BNP Paribas.Рецесијата во еврозоната и во Јапонија, како и бавниот раст на останатите најголеми светски економии, ја оневозможија Кина да ја одржи високата стапка на раст на извозот, додека домашната побарувачка не беше доволно силна да поттикне забрзување на растот. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

