Култура
На Марс сепак постои живот?

Микроорганизмитеод вонземно потекло се одговорни за слојот метан околу планетата Марс, покажуванајновото откритие на научниците на НАСА.
Микроорганизмитеод вонземно потекло се одговорни за слојот метан околу планетата Марс, покажуванајновото откритие на научниците на НАСА.
Потврдата за овасознание НАСА ќе ја обелодени денеска на прес конференција во Вашингтон.
Научниците оваоткритие го доживуваат како возбудлив нов доказ дека микроорганизмите од Марсуште се активни. Сепак, некои научници сметаат дека метанот околу Марс епроизведен од вулканска активност, заборавајќи на фактот дека на Марс немаактивни вулкани.
НАСА пронајде метанво истите области каде што беа регистрирани и облаците водена пареа. Научницитесметаат дека метанот како нус производ го испуштаат микроорганизмите наречениметаногени, кои наводно живеат во водата под подповршинскиот мраз.
Џон Мураи, членна Марс Експрес, европски тим за истражување на Вселената, верува дека миниМарсовците се наоѓаат во состојба на длабоко мирување и дека може да се врататво живот. Тој пронашол грст докази за постоење на голем смрзнат океан подповршината на Марс, во неговиот екваторијален дел, каде што едноставните облицина живот, како микроорганизмите, некогаш можеле да живеат.
„Метанот епродукт на биолошкиот процес. За да се најде метанот во атмосферата на таапланета, мора да постои негов обновлив извор“, изјави британскиот експерт заМарс, Колин Пилингер.
Според него,највпечатлив извор на метан се организмите.
„Ако најдетеметан во атмосферата, морате да се посомневате дека под тоа некаде постоиживот“, додава Пилингер.
Уште во 2004.година, европската сонда во орбитата околу Марс, Марс Експрес, сними траги наметан во атмосферата на планетата.
/крај/ин/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.