Култура
Кавга во УНЕСКО поради антисемитизам и цензура
Обвинувањата за антисемитизам и цензура го ставија во сенка изборот за нов главен директор за култура во УНЕСКО, а гневот го предизвика египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, кој се кандидира за оваа позиција
Хосни минатата година се „прослави“ со изјавата дека ќе ги пали израелските книги. Оваа изјава предизвика гнев кај француските интелектуалци и еврејските организации, а во текот на гласањето ним им се придружија и новинарите и борците за човекови права. Иако на почетокот на оваа година Хосни се извини за својот испад, сепак, многумина од членовите вршат притисок да не се гласа за него бидејќи заговара цензура и гушење на слободата на говорот во Египет.
„Ќе ги запалиме тие книги. Ако воопшто ги има, јас сум првиот кој ќе почне со палењето“, изјави Хосни по нападот на еден пратеник во парламентот кој го обвини дека дозволил израелски книги во египетските библиотеки и книжарници.
„Хосни е министер за култура во земја која воопшто не го почитува правото на слобода на говорот, особено на интернет“, изјави Жан-Франсоа Жулијард, генерален секретар на Новинари без граници. „Тешко е да се замисли некој како него на чело на УНЕСКО“, додава тој. УНЕСКО се‘ уште одбива да ги коментира овие случувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Реакција на Министерството за култура на соопштението од СКРМ за неисплатените плати на вработените во „Охридско лето“
Министерството за култура и туризам, почитувајќи ги кредибилитетот и реномето на НУ „Охридско лето“, а во врска со дописот на Синдикатот на културата на Република Македонија, информира дека Министерството за култура и туризам продолжува да дејствува во насока на почитување на правата од работен однос за вработените во НУ „Охридско лето“, но и да инсистира на законското постапување.
Институцијата е должна да постапи во врска со последното писмено известување добиено од Министерството за култура и туризам и да достави до Министерството коригирана пресметка на плата за месецот август 2024 г., во која нема да бидат содржани износи што се однесуваат на додаток на плата, без тој да биде претходно законски основан, велат од Министерството.
– Уште еднаш потенцираме дека Министерството за култура и туризам не спори да изврши исплата на основната плата на вработените во „Охридско лето“, се додава во соопштението.
Култура
„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја имаше својата светска премиера на 57. издание на „Ситџес фантастик филм фестивал“, еден од најголемите жанровски фестивали во светот.
Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио“ беше прикажан во фамилијарната секција. Капацитетите на салата беа исполнети, главно со најмладата публика, која енергично ја дочека македонската анимација.
Режисерот Цветановски имаше кусо обраќање, при што на шпански јазик им кажа на децата дека се првите во светот што ќе го гледаат филмот, на што тие реагираа со воодушевување.
По настанот, Цветановски изјави дека фестивалскиот живот на „Јон Вардар против галаксијата“ почна возбудливо најавувајќи уште многу убави вести набргу.
„Премиерата ги оправда очекувањата. Ми беше драго што и децата и нивните родители уживаа во филмот и се смееја на глас. Во публиката запознав и Македонци од Барселона, кои допатуваа во Ситџес за да го проследат филмот. Ви благодарам многу што бевте дел од овој настан. Факт е дека со ‘Јон Вардар’ напишавме историја и верувам дека имаме производ со кој можеме да се гордееме. Одиме натаму, со нетрпение ја очекувам македонската премиера во ноември“, рече режисерот Цветановски.
Во рамките на фестивалот во Ситџес анимираниот филм ќе има уште една проекција следната сабота.
„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу, многу, мнооооогу вонземјани, кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себе.
Арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, браќата Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.
Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и во Хрватска.
Филмот од 1 ноември ќе се прикажува во киносалите во Македонија.
Култура
Театар Куманово настапи на фестивалот „MOST“ во Германија
Претставата на Кумановскиот театар „Прво лице еднина“ вчера вечер настапи на Интернационалниот камерен театарски фестивал во Германија, „MOST“ кој од први до шести октомври се одржува во Хановер.
На огромно задоволство на германската публика актерката Владанка Крстевски потполно ги освои нивните срца со емоцијата која ја прикажа преку монодрамата – Прво лице еднина, во која на маестрален начин прикажа дванаесет женски ликови со своите проблеми, лични ставови и карактери.
Режијата на претставата е на Драгана Гунин.
Актерката доби признание за исклучително моќно и емотивно прикажување на карактерите во претставата.
-Околу нас има многу жени кои секојдневно се борат и работат по 12 часа дневно. Тие жени жртвуваат се за своите семејства, за своите деца, за да обезбедат подобар живот, а никој не зборува за нив. Ова е претстава во која зборуваме токму за тие жени. Ние денеска сме ќерки, а утре ќе бидеме мајки и сакаме да имаме поддршка, бидејќи не знаеме кај ќе не однесе животот. Инспирацијата за мојот текст е од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“, во која се зборува за жени кои направиле многу за сите нас, но останале на маргините на општеството, – раскажува младата актерка Владанка Крстевски, пренесува Кумановски театар.