Култура
Вип оператор – партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Во насока на продолжување на традицијата и вистинските културни вредности, ВИП оператор и Интернационалниот филмски фестивал на филмска камера Браќа Манаки денеска го објави официјалното партнерство за 31-то издание на фестивалот кој ќе се одржи од 16 до 22 октомври во Битола.
Во насока на продолжување на традицијата и вистинските културни вредности, ВИП оператор и Интернационалниот филмски фестивал на филмска камера Браќа Манаки денеска го објави официјалното партнерство за 31-то издание на фестивалот кој ќе се одржи од 16 до 22 октомври во Битола.
Како новина за годинашното издание на фестивалот беше најавено по првпат воведувањето на програмата „ВИП јуниор “ со која младите секој ден за време на траење на фестивалот ќе гледаат по еден бесплатен филм во центарот на Битола.
„Сакаме да воспоставиме нови стандарди, а не младите да седат дома и да гледаат шпански и турски серии. Заедно со ВИП ќе се потрудиме на фестивалското издание да има повеќе семинари и тркалезни маси бидејќи само така може да ги поттикнеме новите генерации на филмски творци и вљубеници во филмот“, рече директорката на „Браќа Манаки“ Лабина Митевска на денешната прес-конференција.
Како што истакна Митевска, целта на воведувањето на програмата „ВИП јуниор“ е да се отргнат младите од гледањето на шпански и турски серии.
„Наша цел како фестивал е да ја внесеме Македонија во светската културна мапа и за тие два-три дена за времетраење на фестивалот да го донесеме светот кај нас. Како и сите познати фестивали за остварување на нашата работа и за зачувување на лани стекнатиот епитет најдобар од малите фестивали ни беше неопходна поддршка од спонзор. Морам да изразам огромно лично задоволство од воспоставеното партнерство со ВИП“, додаде Митевска.
Никола Љушев, Главен извршен директор на ВИП истакна дека честа да се биде партнер на еден настан којшто ги обединува традицијата и вистинските вредности е навистина голема.
„ Заедничка цел е да се даде нова вредност, визија и содржина на фестивалот, кој е успешна филмска приказна веќе 31 година, период кој зборува за сериозноста и кредибилитетот што ја постигнал фестивалот што претставува авангарда во Македонија. Просечната старост на вработените во ВИП е 30 години и ние себе си се сметаме како авангарда во телекомуникациски бизнис. Затоа не ни беше тешко да се одлучиме на партнерство“, истакна Љушев.
Главен покровител на фестивалот ќе биде претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде финансиран и поддржан од Министерството за култура, Општина Битола Филмскиот фонд и амбасадите на Холандија и САД во Македонија./крај/ир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”