Контакт

Економија

ЕУ: Грција се враќа на патот на економки раст

Објавено пред

Грција се враќа на патот на економски раст кој би требало да се забрза во 2015 година со раст на бруто домашниот производ (БДП) на 2,9 проценти, со зголемување на вработеноста и намалување на јавниот долг, кои, сепак, ќе останат на рекордно ниво, соопшти Европската комисија.

dobivaj vesti na viber

Во економската прогноза за Грција, Комисијата потврди дека очекува пораст на БДП-то на 2.9 проценти во 2015 година, по растот од 0.6 проценти оваа година.

Стапката не невработеност во земјата, која шест години е во рецесија, иако останува висока би требало од минатогодишните 27 проценти да се намали на 26 оваа година и на 24 проценти во 2015 година.

Долгот на Грција, кој во 2013 година го достигна врвот од 177 проценти од БДП, се очекува оваа година да се стабилизира, а следната година да се намали на 171,9 проценти.

Дефитицитот на буџетот кој лани беше поголем од 13 проценти од БДП, оваа година би требало да се намали на 2.2 отсто и во 2015 да биде еден процент од БДП.

„Се очекува економскиот раст да се засили во 2015 година, со инвестициите како главен двигател и со можностите создадени со тековните структурни реформи. Економскиот раст во еврозоната ќе овозможи зголемен извоз, како и зголемени приходи од туризмот и од поморскиот превоз“, проценува ЕУ.

Од 2010 година Грција доби две кредитни линии од вкупно 240 милијарди евра и бришење на долгот од 107 милијарди евра од страна на приватните кредитори – комерцијалните банки.

И покрај тоа, јавниот догл на земјата стагнира, па главните донатори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) ветија дека до крајот на летово ќе ги разгледаат можностите за намалување на долгот.

Доверителите ветија дека ќе и помогнат со уште еден кредит, но зависно од тоа дали ќе има примарен буџетски суфицит (расходи без сервисирање на долг).

Грција веќе соопшти дека има примарен буџетски суфицит поголем од 1,5 милијарди евра, прв за повеќе од 10 години, и суфицит на тековниот платен биланс од 1,2 милијарди евра (0,7 % од БДП), првпат од далечната 1948 година./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Топ-5 начини за паметно штедење преку осигурување

Објавено пред

Колку пати сте си рекле „од утре ќе почнам да штедам“ – но утрешниот ден никогаш не дошол? Кога зборуваме за паметно штедење, повеќето луѓе мислат на штедна книшка или депозити во банка. Но, паметното штедење не се сведува само на одвојување средства, туку на создавање сигурност.

dobivaj vesti na viber

Осигурувањето е тивкиот херој на финансиското планирање, тоа е начин да заштедите, додека истовремено се заштитувате од ризици. Склучувањето осигурување е повеќе од трошок, тоа е стратегија.

Се работи за создавање сигурност, стабилност и заштита. Ви ги претставуваме најдобрите 5 начини за паметно штедење преку осигурување.

Минт Инс – Паметно штедење преку осигурување

Штедењето не е само одвојување средства на страна, тоа е и создавање сигурност, стабилност и долгорочна финансиска заштита. Во Минт Инс, како осигурително брокерско друштво посветено да им помогне на клиентите преку соработка со осигурителните компании, ние гледаме на осигурувањето како на најдобрата долгорочна инвестиција во финансиска сигурност и штедење.

1. Комбинирајте животно осигурување со штедење – двојна заштита

Првиот и најмоќен чекор кон паметно штедење е животното осигурување. Тоа не е само финансиска заштита, тоа е начин да се грижите за вашите најблиски, и истовремено да создавате акумулирана вредност со тек на време.

Со Минт Инс животно осигурување, дел од секоја уплата оди во штедна компонента, која расте со годините. На тој начин, не само што го заштитувате семејството во непредвидени ситуации, туку градите личен капитал што може да ви послужи подоцна во животот.

2. Здравствено осигурување – штедење преку превенција

Како што спомнавме, паметното штедење не е само одвојување средства, туку и олеснување на непредвидливите трошоци. Здравственото осигурување го овозможува токму тоа.

Наместо да плаќате големи суми при непредвидена болест или несреќа, со полиса за здравствено осигурување плаќате месечна премија и добивате пристап до квалитетна грижа кога најмногу ви треба.

Со здравствено осигурување од Минт Инс, избегнувате непотребен ризик. Наместо да плаќате вртоглави суми во момент на потреба, осигурувањето ви ги олеснува тие трошоци. Тоа е вистинско паметно штедење: вложувате денес за да заштедите утре.

3. Осигурување на имотот – заштитете го она што сте го создавале со години

Штедењето не значи само собирање пари, туку и заштита на она што веќе го имате. Со осигурување на домот, автомобилот или деловниот простор, го намалувате ризикот од неочекувани финансиски удари.

Ова е еден од најпрактичните начини за паметно штедење, бидејќи дури и мал настан (поплава, пожар или кражба) може да предизвика големи трошоци.

Минт Инс нуди пристап до флексибилни пакети со кои можете да ја осигурате својата имотна вредност и да бидете сигурни дека вашите заштеди нема да се трошат на непредвидени поправки и штети.

4. Осигурување од Авто одговорност – безбедност што се исплаќа

Автомобилот е секојдневна потреба, но и одговорност што бара сигурност. Со Минт Инс осигурување од автоодговорност, не само што го заштитувате вашето возило, туку и вашите финансии.

Во случај на несреќа, дефект или штета, осигурувањето ги олеснува непланираните трошоци и ви овозможува заштитна мрежа. Тоа е суштината на паметно штедење, да не дозволите неочекуваните ситуации да ви ја нарушат финансиската стабилност.

5. Комбинирани пакети – максимална вредност, минимален ризик

Најдоброто паметно штедење се постигнува со комбинација на различни типови осигурување. Со комбинирани пакети, можете да поврзете повеќе видови на осигурувања, при што добивате поповолни услови и поширока заштита.

На овој начин, ја зголемувате ефикасноста на секоја уплата, ги минимизирате ризиците и добивате поголема сигурност.

Зошто паметното штедење преку осигурување е вистинскиот избор?

Бидејќи осигурувањето не е само заштита – тоа е финансиски план кој ве учи на дисциплина, планирање и стабилност. Со Минт Инс, секое финансиско средство што го вложувате работи за вас, создавајќи иднина без стрес и неизвесност.

Со Минт Инс вие:

· Вложувате во сигурност.

· Добивате финансиска стабилност.

· Градите мирна иднина за вас и вашето семејство.

Подгответе се за иднината – започнете со паметно штедење денес

Октомври е вистинскиот момент да направите промена што ќе се исплати долгорочно. Со Минт Инс осигурување, ќе го претворите секој ден во инвестиција во мир, сигурност и стабилност.

Започнете ја вашата финансиска иднина со паметно штедење преку осигурување од Минт Инс. Контактирајте нè денес на 15 107, на емаил [email protected], или во нашите филијали, и нашиот тим ќе ви помогне да ја откриете понудата што најмногу одговара на вашите потреби.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска учествува на годишните средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон

Објавено пред

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст. Согласно агендата, министерката ќе оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршните директори Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили. Исто така, средби се предвидени и со потпретседателката на Светската банка Антонела Басани, извршниот директор на Светската банка Јуџин Ругенат, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју и со директорката за земјава во СБ Карол Межеван.

Димитриеска-Кочоска во Вашингтон ќе има можност да оствари средби и со претставници на Трезорот на САД, со којшто е воспоставена соработка во насока на зајакнување на ефикасноста на институциите, како и со повеќе инвеститори коишто се вклучени во процесот на издавање еврообврзници.

Годишните средби на ММФ и СБ оваа година се одржуваат под мотото „Можност во време на промени“, а на нив учесниците, односно министрите за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл. ќе можат да се осврнат на актуелните состојби и на предизвиците во глобални рамки, како и на изнаоѓање можни решенија. На годишните средби во Вашингтон министерката за финансии учествува заедно со гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија39 минути

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија52 минути

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија3 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија4 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија4 часа

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија5 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет6 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет7 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет7 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет7 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет8 часа

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа8 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет18 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија19 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ20 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија23 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија24 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија1 ден

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...