Македонија
Над 1.900 пријавени на огласот за вработување во МВР
Рокот за аплицирање за прие на 50 извршители со високо образование во Министерството за внатрешни работи истече во сабота. На повикот се јавиле 1.914 лица или во просек по 40-тина заинтересирани за едно место.
Бројот на кандидати не е конечен заради можноста заинтересираните и по пошта да ги испраќаат своите документи во предвидениот рок, напоменува МВР.
„За предвидените седум места со завршено образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, како и четири места со завршено образование од областа на телекомуникациите, конкурирале 209 заинтересирани. За предвидените 10 места со завршен ПМФ- насока хемија и биологија, конкурирале 224 кандидати. За предвидените две места со завршен ПМФ – насока физика, конкурирале 14 заинтересирани. За предвиденото едно место со завршен Машински факултет – насока моторни возила, конкурирале 29 заинтересирани.
За предвидените осум места со завршен Правен факултет од кои за три се бара и положен правосуден испит, конкурирале 448 кандидати. За предвидените осум места со завршен Економски факултет – насока банкарство и јавни финансии, конкурирале 412 заинтересирани. За предвидените 10 места со завршен Факултет за безбедност, конкурирале 500 кандидати. Со други факултети кои не беа предвидени во јавниот оглас се јавиле 78 лица“, соопшти МВР.
Во следната фаза ќе следува административна проверка на поднесената документација, потоа спроведување на писмено тестирање (стручен, општообразовен тест), психолошки тест, интервју и здравствени прегледи. Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кои аплицирале.
Инаку општите услови кои кандидатите требаше да ги исполнат беа да се државјани на РМ, да се полнолетни, а да не наполниле 30 години, ако првпат засноваат работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование, истите треба да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Кандидатите исто така треба да го познаваат англискиот јазик, познавањето на други светски јазици ќе се смета за предност, како и познавање на работа со компјутери.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши – Форнавре: Односите меѓу Шведска и Северна Македонија се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве.
На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.
Претседателот Гаши ја истакна долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.
Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка.
Пратеничката Дафина Стојаноска упати благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.
Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство.
Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија.
Македонија
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за нов претседател на Советот на Град Скопје. Тој кажа дека Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност.
„Денеска, на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, сум избран за претседател на Советот. Благодарност до советниците за довербата и до скопјани за поддршката. Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност. Ќе бидеме активен чувар на јавниот интерес и ќе работиме доследно на спроведување на темелните политики: чист град, функционален јавен превоз, безбеден сообраќај, повеќе зеленило и современи јавни услуги“, рече Димитровски.

