Култура
„Word Express“ – возот на мислите од Европа и во Скопје
Во среда, 28 октомври, во Мала станица ќе се одржи промоција и читање на 11 автори од Евроа и Македонија, како дел од новиот проект за книжевна размена во Југоисточна Европа, „Word Expres“
На читањето во Скопје ќе настапат: Раман Мундаир (Велика Британија), Мирт Комел (Словенија), Марко Погачар (Хрватска), Мима Симиќ (Хрватска), Ефе Дујан (Турција) и македонските автори Јовица Ивановски, Џабир Делала, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Александра Димитрова и Румена Бужаровска. „Word Express“ е нов проект за книжевна размена во Југоисточна Европа, организиран од страна на британската организација Literature Across Frontiers (Книжевност преку граници), во соработка со организациите Делта Паблишинг од Истанбул, Профил Букс од Загреб, Хеликон од Тел Авив, Националниот книжевен центар од Букурешт и други партнери од дванаесет земји во регионот. Проектот е дел од програмата на Книжевност без граници, кој го поддржува Европската унија и Програмата за креативна соработка на Британски совет. Програмата има за цел збогатување на културниот живот во Европа и земјите околу неа, и изградба на доверба и разбирање помеѓу заедниците, преку дијалог и дебата. Во регионот обележан со минати и сегашни конфликти, „Word Express“ има за цел да ги надмине културните и јазичните граници и во прв план да ги донесе новите книжевни гласови од регионот.Проектот започна во мај 2009 година и има за цел да создаде услови за размена и дијалог преку воспоставување мрежа на млади писатели, преведувачи, книжевни списанија и места во дванаесет земји и нивно поврзување со Велика Британија.Во проектот се вклучени околу педесет млади автори и преведувачи. Тие го истражуваат културното, општественото и политичкото наследство на регионот и се среќаваат со колегите од земјите учеснички. Овој месец дваесетмина од нив формираа три групи од кои секоја ќе патува со воз по Балканот до Истанбул, застанувајќи во разни градови во кои ќе учествува на читања, разговори и преведувачки работилници. Во Истанбул, каде ќе поминат пет дена на крајот од своето патување, ќе учествуваат на саемот на книгата и на новиот книжевен фестивал „Istanbul Tanpinar Literature Festival“, со читања и средби на други места.Учесниците доаѓаат од следните земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија, Грција, Ерменија, Израел, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора – а нивните текстови ќе бидат преведени на јазиците на земјите од регионот и објавени во книжевните списанија во секоја од земјите учеснички. Исто така, учесниците ќе имаат можност да соработуваат на проекти кои го комбинираат пишувањето со видео и филмската уметност, фотографијата и музиката, кои ќе бидат прикажувани во втората фаза на проектот, во 2010 година.На овој проект, со кој раководи Делта Паблишинг од Истанбул, Британскиот совет и Книжевност без граници, работат и други партнери, меѓу кои се Националниот книжевен центар и Романскиот културен институт од Букурешт и Истанбул, Профил Букс во Загреб, Блесок во Скопје, Сараевски тетратки, Трет плоштад во Белград, Литературен весник во Софија, Клуб на млади писатели во Љубљана, списанието и книжевниот клуб Ендефктрио во Солун, книжевното списание Инкнагир во Ереван, Друштвото за напредок на поезијата Хеликон во Израел и списанието Helicon Poetry Journal во Тел Авив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека
Вечерва (21 јануари) во Кинотеката на Македонија почнува специјалната програма Најдоброто од „Киненова“.
Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и многу други сеуште актуелни филмови за кои публиката бараше репризни прикажувања.
Од 18:00 часот, вечерва во чест на големиот професионалец и креативец, македонскиот кинематографер Владимир Самоиловски, инаку лауреат на 10то издание на КИНЕНОВА 25, ќе го прикажеме македонскиот филм ИСЧЕЗНАТИОТ на Арбен Тачи.
А од 20:00 часот, ќе игра српскиот филм ПОМЕЃУ БОГОВИТЕ, на Младен Ршумовиќ, овенчан со две награди на КИНЕНОВА 25, за НАЈДОБРО СЦЕНАРИО и НАЈДОБРА РЕЖИЈА, филм каков не сте погледнале. Автентична приказна заснована на траумите од големите бегалски бранови, кои поминуваат низ балканската рута, а каде во случајов попатна станица е Белград. Што се може да се случи на една жена која попатно го загубува својот брат?
Веројатно само рефлексија на нејзината драма и траума. Ќе можат ли таа и нејзиното најтесно семејство да продолжат по патот на потрагата по основна егзистенција или административниот лавиринт во Белград ќе ги зграпчи и ќе им ја долови заробеноста на еден западен општествен систем каков што е српскиот, каде човечките души се извршители на суровиот систем? Филм-ремек дело, направен во манир на најдобрите филмови од иранската школа. Ќе видите филм каде авганистански, ирански и балкански актери играат во манир на Иранската актерска школа. Меѓу главните улоги е и Никола Ристановски, кој совршено се изразува на Фарси.
Уникатен филм по многу нешта.
Целата програма е на линкот
Култура
Со омаж ќе биде одбележана 20 годишнината од смртта на писателот Зоран Ковачевски
НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со општина Охрид утре – среда со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт.
Зоран Ковечевски е македонски раскажувач и романсиер, припадник на генерацијата писатели кои творат во духот на критичкиот реализам.
Роден е во Светозарево – Србија, на 15 април 1943 а починал на 21 јануари 2006 во Охрид. Ковачевски ги завршил студиите по право на Белградскиот универзитет. Поголемиот дел од животот го поминал во Охрид како вработен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и како судија во Основниот суд. Бил член на ДПМ од 1957 година. Автор е на книгите: Охридски приказни (раскази, 1974), Семејна фреска (роман, 1976). Летачи на метли (роман, 1980), Аристотел од Ресен (раскази, 1984), Добрина (раскази, 1990), Одмазда (роман, 1992), Историја на светото дело (роман, 1993), Пејач (раскази, 2000), „Кога ни петлите не пеат“,( раскази 2002). Добитник е на наградата „Мисла“ (за роман).
За творештвото на Ковачевски во рамките на настанот ќе зборува поетот Славе Ѓорѓо Димоски а ќе бидат прочитани и извадоци од рецензии за дел од творештвото на Ковачевски напишани од познатите македонски критичари Димитар Пандев, Милан Ѓурчинов и Тодор Чаловски.
Омажот за Ковачевски ќе се одржи утре во 10 часот во НУ Библиотека во Охрид.
Култура
Македонскиот филм „17“ на Берлинскиот филмски фестивал
Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски е селектиран во програмата „Перспективи“ на овогодинешниот 76-ти Берлински Филмски Фестивал.
Ова беше денес соопштено во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“, во која се селектираат и натпреваруваат најдобрите дебитантски филмови, на светско ниво.
Во Берлинале Перспективи, македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма.
Седумнаесетгодишната Сара поаѓа на училишна екскурзија, криејќи тајна за која никој не знае. Кога екскурзијата ќе излезе од контрола и Сара ќе биде сведок на насилство врз нејзината соученичка Лина, тие ќе се поврзат засекогаш.
Филмот е продуциран од „Црна Мачка Продукција“ во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија. Поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и Филмскиот центар на Србија, Словенечки филмски Центар, СЕЕ Синема Нетворк (SEE Cinema Network) и СинеЛинк Ворк-ин-прогрес (CineLink Work in Progress) на 31. Сараевски Филмски Фестивал

