Култура
Индија има докази за пакистанската врска за нападите во Мумбаи

Индија, наамериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која е во посета на Њу Делхи, ќеи претстави докази за врската меѓу Пакистан и напаѓачите на хотелите во Мумбаи.
Индија, наамериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која е во посета на Њу Делхи, ќеи претстави докази за врската меѓу Пакистан и напаѓачите на хотелите во Мумбаи.
„Ќе покажемеснимки на разговори по сателитски телефони, кои ја докажуваат врската меѓутерористите и нивните пакистански наредбодавци“, соопшти владин извор, штосакаше да остане анонимен.
Индискитепретставници соопштија дека ситеисламски екстремисти, кои ги извршиле нападите во Мумбаи минатата недела,пристигнале од Пакистан, а нелегалната исламистичка група Лашкар-е-Таиба,стационирана во Пакистан, која врши напади во Кашмир, е осомничена дека гиобучила терористите.
/крај/бг/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Државниот симфониски оркестар од Солун првпат доаѓа во Скопје

Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во неговото 66 годишно постоење ќе настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 мај со почеток во 19.30 часот.
Оркестарот ќе настапи со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и нашиот светски реномиран пијанист Симон Трпчевски.
Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годишнината од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”
Проектот се спроведува во рамките на националниот план за закрепнување и отпорност Грција 2.0 финасиран од Европската Унија NextGenerationEU.
Култура
Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски-Питу – животна приказна“ во Музејот на Македонија

Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“.
Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.
„Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес“, велат од Музејот.
Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос – историчар во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност.
Култура
Премиера во Грузија на „Јон Вардар против галаксијата“

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на Striped Tale Animation Festival 2025, што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија.
Фестивалскиот тим на својата веб страница го опишува филмот со следниве зборови:
„Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. Јон Вардар против Галаксијата нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух.“
Филмот досега имаше селекции на преку десет фестивали, од кои 5 се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. Поддржан е од Агенцијата за филм.