Контакт

Економија

Сараќини задоволен од оцените за економијата во Извештајот на ЕК

Објавено пред

Министерот за економија Ваљон Сараќини презентирајќи ги постигнатите резултати нотирани во Извештајот на Европска комисија за напредокот на Македонија рече дека тој воедно ги потврдува напорите на Владата за подобрување на состојбите во националната економија и условите за водење бизнис.

dobivaj vesti na viber

Извештајот ја нагласува важноста на макроекономската стабилност на земјата во услови на турбуленции кои се случуваат на светската, а особено на сцената на Европска унија што претставува своевидна потврда за ефективноста на неколкуте пакети мерки што претходно ги има преземено македонската Влада за соочување со налетот на кризата и за заштита на домашната економија од штетните влијанија на кризата, рече во неделата  министерот Сараќини

„Во Извештајот на Европската комисија посебно се нагласува функционалноста на економијата на Република Македонија, се дава јасна потврда дека либерализацијата на пазарот и на цените е постигнат, што претставува огромно значење бидејќи тоа е резултат на низа мерки и закони што се донесени во изминатиот период. Овие регулативи кои се во целост хармонизирани со европското законодавство истовремено нудат и заштита на потрошувачите содржани во измените на Законот за туристичка дејност и Измените на законот за угостителска дејност “, рече министерот за економија.

Сараќини се согласи со оцената дека во насока на либерализација на пазарот е постигнат сериозен напредок во делот на стандардизација и метрологија.

„Ова е огромно признание и за Министерството за економија, под чија надлежност е воведувањето на стандарди и поттикнување на процесот за нивно имплементирање, но и за Бирото за метрологија, институција која е под надлежност повторно на Министерството за економија“, рече министерот Сараќини.

Повикувајќи се на Извештајот на ЕК, но и како своја лична перцепција, министерот за економија забележа дека е постигнат „сериозен прогрес во слободното движење на стоки услуги и човечки ресурси, како и слободното движење на капитал, што алудира на фактот дека постојат добри услови за понатамошен развој на слободниот пазар, а со тоа и на економијата генерално. Подобрување на работите во овој сегмент се очекуваат со донесување на Законот за услуги со што ќе се имплементира Директивата за услуги на ЕУ, кој како што рече, е во завршна фаза.

„Како министер за економија исклучително сум задоволен од констатацијата во Извештајот според која во РМ е забележан е сериозен напредок во еден од најважните аспекти на македонската економија, а тоа е конкурентноста, бидејќи се работи за зголемување на конкурентноста во услови на криза и сериозно отежнати услови за водење бизнис што е потврда на нашите сериозни напори во делот на донесување пакет закони што се однесуваат на реалниот сектор и олеснување на условите за водење бизнис“, рече Сараќини, додавајќи дека се усвоени повеќе стратешки документи и акциони планови како Индустриската политика, Стратегија за развој на мали и средни претпријатија, Извозната стратегија, Програмата за странски инвестиции, во подготовка е Иновационата стратегија, а, исто така, подготвени се Акциониот план за зголемување на конкурентноста и Двегодишен акционен план за имплементација на индустриската политика.

Мерките во програмите се насочени кон поддршка на компаниите во зголемување на нивната продуктивност, подобрување и развој на производите, развој на пазар и промоција на извозот, развој на фирмите базирани на знаење и иновации, поттикнување на соработка во кластери, развој на претприемништво, развој на женското претприемништво и слично, појасни миснитерот.

Во рамките на поглавјето 06, -Право на трговски друштва, очекувано според Сараќини, ЕК го признава напредокот на РМ во областа на право на друштва. Дополнително беа донесени Законот за Европско друштво и Законот за Европски економски интересни групи како последна фаза во финалното усогласување.

„На наше огромно задоволство, Извештајот ја нагласува промената на структурата на извозот во позитивна смисла, односно значаен удел во структура на извозот имаат производи со додадена вредност што пак е резултат на успехот на Владата за привлекување на странски инвестиции и отворањето нови производствени капацитети кои на светските пазари нудат производи со високи стандарди и со висока додадена вредност. Промената на структурата во извозот е резултат на присуството на ‘Џонсон Контролс’ и ‘Џонсон Мети”, реч натаму Сараќини.

Нагласи дека Владата во континуитет презема активности за подобрување на условите за водење на бизнисот особено за малите и средните претпријатија, преку низа системски активности попознати во јавноста како „регулаторна гилотина“ истовремено потенцирајќи дека третата фаза од регулаторната гилотина е завршена со што во голема мерка се скратени процедурите за малите и средните компании, а со тоа значително се намалени трошоците за водење бизнис.

„Во оваа насока сакам да презентирам неколку факти кои го потврдуваат постигнатиот прогрес на претприемништвото и малите и средни претпријатија“, дополни Сараќини во своето обраќање. Ги апострофираше електронскиот даночен систем кој се применува од 2008 година го поедноставил плаќањето даноци, електронскиот катастар за регистрација на имот е воведен во 2010 година како и онлајн системот за регистрација на бизнисите што започна со работа во 2011 година во завршна процедура е и документот Стратегија за иновации на Република Македонија 2012 -2020 каде се креираат нови шеми за поддршка на технолошко апсорпциониот капацитете на МСП.

„Во делот Енергетика во Извештајот за напредокот за 2012 година оцена е дека во ова поглавје има „одреден напредок“.Оваа година се донесе нова уредба за критериумите и условите за прогласување на електроенергетска кризна состојба, начинот на снабдување со електрична енергија во овие услови, а дефинирани се и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, додека во фаза на изработка е уредба која е се однесува на природниот гас, а во делот на внатрешниот пазар на енергија е наведено дека Република Македонија има направено одреден напредок, со што практично се нотираат изготвените документ како подзаконската регулатива во делот на пазарот на електрична енергија и пазарот на природен гас како што се тарифни системи, методологии за утврдување на цени и тарифи, правила за пазар на електрична енергија, мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија и др. Во однос на претстојната либерализација во завршна фаза е процесот на изготвување на двата подзаконски акти, Правила за снабдување со електрична енергија и Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија и очекуваме до крајот на месецот да се одржи дискусијата по овие документи“, рече министерот Сараќини.

Се осврна и на делот на Обновливите извори на енергија во кој како што рече ви Извештајот на ЕК се истакнува донесувањето на подзаконската регулатива во правец на заокружувањето на правната рамка со која се регулираат обновливите извори на енергија, со што се овозможува имплементација на Законот за енергетика.

„Како напредок е оценета успешната реализација на тендерот за изградба на МХЕ со што вкупниот број потпишани договори за концесија за изградба на МХЕ достигнува 70 , потенцирајќи го пуштањето во употреба на Света Петка како активностите во врска со изградбата на Бошков Мост. Тука би го споменал континуираното субвенционирање на домаќинствата за купени вградени соларни колектори, со цел поголема стимулација за искористувањето на сончевата енергија, кое успешно се реализираше во 2012 година.

Во делот на Енергетската ефикасност,е ставен акцент на донесената подзаконска регулатива со која се овозможува имплементација на Законот за енергетика и транспонирање на ЕУ директивите од оваа област“, рече Сараќини.

Во однос на забелешките што се однесуваат на економијата министерот за економија нагласи дел од нотираните слабости во Извештајот, веќе биле детектирани, и веќе биле преземени се мерки од страна на Влдатат. Во соработка со Министерството за образование и бизнис заедницата, се планираат проекти со што учениците и студентите ќе добијат соодветни практични знаења кој во иднина ќе бидат во функција на развој на компаниите во кој ќе работат, информираше Сараќини.

Најави дека ќе се продолжи со реформите околу поедноставната регистрација на компаниите со цел да се олесни самовработувањето, но и ќе се спроведуваат и политики за решавање на сивата економија, преку олеснување на исплатата на даноците и придонесите.

„Меѓу нотираните недостатоци е малиот буџет за поддршка за МСП и занаетчиството за која има можност за корекција од страна на Владата токму сега, при креирањето, односно донесувањето на новиот буџет, незадоволува искористувањето на Европските фондови за претприемништво и иновации како ЦИП, но и тој сегмент веќе се подобрува. Европската инвестициона банка во последно време има исплатено 150 милиони евра за проекти од областа на малите и средни претпријатија, инвестиции кои наскоро треба да покажат резултати. Овие претпријатија ќе се поддржат со новата програма за извоз која за прв па ќе биде активна во текот на 2013 година при Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот“, смета министерот за економија на Република Македонија.

Тој е на мнение, дека, сепак, она што е значајно е што ЕК првпат признава реализиран напредок во однос на справувањето со стечаите односно излезот од пазарот. „Во периодот 2011 и август 2012 година, бројот отворени стечаи е 32 отсто, повисок што значи побрзо постапување, додека истовремено просечното времетраење по ликвидација е намалено. Овој процес и натака ќе продолжи, преку Е-стечај системот во ЦРМ редовно се ажурира напредокот на секој процес, случувањата за секоја стечајна постапка се јавно достапни“, појасни на крајот Сараќини./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Објавено пред

Од

Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква мала реформа, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра. Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 на 80 денари по килограм, што претставува директен удар врз тутунопроизводителите. Со зголемувањето на минималните површини за лозарство, овоштарство и поледелските култури, неколку илјади земјоделци за прв пат од 2004 година наваму ќе останат без денар субвенции. Дали за „реформа“ Трипуновски и владата на Мицкоски го сметаат елиминирањето на илјадници земјоделски семејства од системот на државна поддршка? Што е следно, дека и најголемиот криминален скандал со ИПАРД Програмата ќе го прогласат за „реформа“?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата обвинија дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги оставила земјоделците и без европска помош и со намалени субвенции.

„Оваа влада не ги крати парите за тендери туку ги кратат субвенциите од кои живеат земјоделците. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 тендери за трета, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку пошта, 9 милиони евта за фирма со двајца вработени. Не се крати тука ништо, како колачи се делат тендери. Нема пари за субвенции, нема пари за минимална плата од 600 евра, има пари само за криминални тендери, нов авион и за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

Објавено пред

Од

На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

dobivaj vesti na viber

„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.

Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.

„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.

Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.

„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.

„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Поскап бензин од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија4 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија8 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија9 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија10 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија11 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ12 часа

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија12 часа

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура15 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа15 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет16 часа

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа16 часа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа17 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет17 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија1 ден

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија1 ден

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија1 ден

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија1 ден

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија1 ден

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...