Култура
Фото-натпреварот е отворен!
Денеска, Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, го отвори фото-натпреварот Југоисточна Европа: луѓе и култура. Овој сè-европски натпревар им нуди можност на оние кои ги интересира фотографијата да ги покажат својата креативност
Денеска, Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, го отвори фото-натпреварот Југоисточна Европа: луѓе и култура. Овој сè-европски натпревар им нуди можност на оние кои ги интересира фотографијата да ги покажат својата креативност и техничките вештини преку фотографии кои ги прикажуваат културата и спортот во Југоисточна Европа. Натпреварот се фокусира на уметноста, танцот и театарот, филмот, гастрономијата, литературата, музиката, спортот и на секојдневниот живот во современиот Западен Балкан (Хрватска, поранешната југословенска Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово според Резолуцијата 1244/99 на Советот за безбедност на ОН) и Турција. Учесниците треба да ја изразат својата визија за зададените теми на натпреварот со поднесување на најмногу три слики, кои може или да ги постават на интернет страницата www.southeast-europe.eu, или да ги испратат по пошта. Крајниот рок за поднесување е 20 јануари 2010 год. Сите поднесоци ќе ги разгледува меѓународно жири. Жирито ќе избере дваесет и четири полуфиналисти и тројца победници врз основа на визуелизацијата на зададените теми на натпреварот, степенот на креативност, оригиналноста и јасноста во претставувањето, како и општата привлечност на сликата. Четвртиот победник меѓу полуфиналистите ќе го избере јавноста која за својот фаворитот ќе може да гласа на интернет, на www.southeast-europe.eu, од 2 февруари до 16 март 2010 год. Фотографиите на четворицата победници ќе бидат изложени во две галерии, во Мадрид и во Брисел, во пролетта 2010 год. Победниците ќе бидат поканети на отворањето на изложбите. Целта на фото-натпреварот Југоисточна Европа: луѓе и култура е подигање на свеста за и претставување на културите на Западен Балкан и на Турција преку прикажување на динамичноста на културната, гастрономската и спортската сцена во регионот. Со поднесување на своите слики, учесниците добиваат можност да го покажат својот единствен и личен поглед на регионот. Фото-натпреварот Југоисточна Европа: луѓе и култура е отворен за сите жители на Европската унија, како и на земјите-кандидати од Југоисточна Европа (Хрватска, Турција и поранешната југословенска Република Македонија) и на потенцијалните кандидати (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово според Резолуцијата 1244/99 на Советот за безбедност на ОН). За повеќе детали и информации за учеството, ве молиме посетете ја следнава интернет страница: www.southeast-europe.eu. Контакт за новинарите:Суви Јувонен (Suvi Juvonen) Орсоља Имекс (Orsolya Imecs) Европска комисија / Медиа Консалта ИнтернешеналГенерален директорат за проширување Холдинг (Media ConsultaTel.+32 2 296 72 50 International Holding) Email: [email protected] Tel. +49 (0)30 65 000 – 322 Email: [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.