Забава
Најголеми пијаници биле Елцин, Черчил, Никсон…
Инцидентот на јапонскиот министер за финансии Шоичи Накагаве на неодамнешниот самит на Г-7 во Рим, каде што на прес конференција се појави пијан, го
Инцидентот на јапонскиот министер за финансии Шоичи Накагаве на неодамнешниот самит на Г-7 во Рим, каде што на прес конференција се појави пијан, го инспирираше весникот Тајмс да направи топ листа на познати политичари кои биле „пријатели на добрата капка“.
Списокот е подолг, но неколку светски лидери засекогаш остануваат во сеќавање по своите згоди кога биле „во поинаква агрегатна состојба“.
Рускиот претседател Борис Елцин еднаш бил толку пијан, што не можел да излезе од својот авион и да се сретне со својот ирски колега, кој нестрпливо го чекал на аеродромот.
Додека соработниците на Елцин им објаснувале на ирските политичари дека имале незгода со својот шеф и се обидувале да спречат меѓународен скандал, Елцин спиел како бебе на легнатото седиште на претседателскиот авион.
Џорџ Браун, министер за надворешни работи во кабинетот на британскиот премиер Харолд Вилсон, се прослави во текот на посетата на Перу. На свечената вечера, целосно пијан, и се обратил на особата до себе: „Госпоѓо, дали би сакале да одиграме валцер?“
Соседот смирено одговорил: „Господине, како прво, ова не е валцер, туку химната на Перу, а како второ, јас не сум госпоѓа, туку надбискупот на Лима“.
Еден од најголемите британски политичари Винстон Черчил исто не можел да и одолее на чашката. Позната е неговата изјава: „Алкохолот ми даде повеќе, отколку јас нему“.
Единствениот сменет американски претседател Ричард Никсон бил познат пијаница. Неговите соработници често ја прераскажуваат случката од почетокот на арапско-израелската војна во 1973. година.
Телефоните во Белата куќа се вжештиле од повици од Блискиот исток, а американскиот претседател мртов пијан спиел. Кога на крајот некако успеале да го пробудат, тој им рекол на соработниците: „А можеме ли да им кажеме`Не`?“. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

