Забава
Храна што ја засилува желбата за секс
Научниците и нутриционистите ги истражиле својствата на многу намирници за кои се верува дека го зголемуваат либидото, и направиле попис на прехранбените производи што се покажале заслужни да го носат името афродизијак
Остриги, чоколадо, кофеин, вино и лути пиперчиња – ова се само некои од хранливите продукти што влијаат поттикнувачки на желбата за секс. Оние што веруваат во моќта на афродизијаците тврдат дека некои видови храна, пијалаци, лекови, треви и ароми можат значително да ја зголемат сексуалната возбуда и самата желба, но, некои сметаат дека тие верувања се само митови или погрешни сфаќања.Во морето од производи што носат ознака афродизијак тешко е да се разграничи кои навистина помагаат, а кои предизвикуваат само пласибо-ефект. Научниците и нутриционистите ги истражиле својствата на многу намирници за кои се верува дека го зголемуваат либидото, и направиле попис на прехранбените производи што се покажале заслужни да го носат името афродизијак.КофеинБез разлика дали е во кафе, чај, газиран пијалак или во чоколадо, кофеинот до одредена граница помага во одржувањето на вашиот „мотор“. Американските научници дошле до заклучок дека двојките што имаат 60 или повеќе години и кои секојдневно пијат кафе се сексуално поактивни од оне што го избегнуваат. Дека не станува збор само за нијанси зборуваат бројките – луѓето што пијат кафе биле 62 отсто поактивни.
ЧоколадоОсвен што содржи кофеин, во чоколадото има и состојки за кои се верува дека ги подобруваат „перформансите“ во креветот. Популарниот десерт, меѓу другото, содржи и теобромин, состојка што го зголемува лачењето ендорфин, хормонот што прави да се чувствуваме ведро.
МедПознато е дека медот брзо го подига нивото на енергија, а шеќерот во форма на мед не само што ја зголемува енергијата, туку и ги храни станиците на сперма.
Лековити билкиЛековитите растенија помагаат да се опуштите и ја ослободуваат мачнината, а некои од нив имаат и други, интересни својства. Во прв ред, ја зголемуваат сексуалната желба и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите. Некои од нив, како маточината, вид нане што се користи како чај, помага за опуштање на нервниот систем, и во исто време ве поттикнува на „акција“.ЗачиниНекои зачини, како лут пипер или чили, можат да ве запалат на повеќе начини, зашто, не само што го забрзуваат отчукувањето на срцето, туку ја зголемуваат и телесната температура. Дел од луѓето што го користеле овој огнен зачин забележале знаци на сексуална возбуденост, црвенило на лицето и телото, потење или распукување на усните. Поради непријатностите што можат да ги создадат, се препорачува овие зачини да се примаат во вид на капсули или концентрат-капки, околу половина час пред сексуалниот однос, за да ја подобрат циркулацијата.
ЛукЛукот содржи една активна компонента – природниот антибиотик алицин, кој го забрзува движењето на крвта кон сексуалните органи, што, секако придонесува за подобра „изведба“ во креветот.
Азиски жен-шенЖен-шенот обично се користи за лекување нарушувања на сексуалните функции и има директно влијание на централниот нервен систем и гениталното ткиво. Доказите упатуваат на тоа дека ова кинеско растение ја засилува ерекцијата со зголемување на дотокот на крв во пенисот. Исто така, ја засилува и активноста на невротрансмитерите и хормоните што се вклучени во сексуалната активност. Кинезите и Корејците дури и ќе ви се заколнат дека жен-шенот ги зголемува издржливоста и страста. За жал, има и несакани дејства, како дијареја и висок крвен притисок.АлкохолПознато е дека чашка-две алкохол делуваат опуштачки и се од помош кога сакаме да ја подигнеме атмосферата. Едно американско истражување покажало дека алкохолот навистина ја зголемува желбата за секс кај луѓето што цврсто веруваат дека „чашката“ има такво дејство, а познато е и дека под влијание на алкохолот другите луѓе ни изгледаат попривлечни.Особено интересни се разните видови бело вино, кои имаат ствојства на афродизијак, но само кога е мирисот во прашање. Се верува дека некои шампањски вина, некои видови сув ризлинг и шардоне се копија на женските хормони од типот феромон. Сепак, што и да пиете, треба да ја знаете границата. Се’ што е повеќе од две чаши може само да ви наштети.
Морски плодови
Остригата со својот изглед потсетува на женски гениталии, а многумина ја сметаат за моќен афродизијак. Дури и самиот збор ’афродизијак’ доаѓа од Афродита, грчката божица на убавината и љубовта, која и самата доаѓа од морето. Во борбата за небескиот трон Хронос го убил и го кастрирал својот татко Уран, а неговите гениталии ги фрлил во морето. Океаните тогаш се запениле и се родила Афродита, а се верува дека токму поради таа приказна и денес поголемиот дел од храната што доаѓа од морето има дејство како сексуален стимуланс. Остригите се најпопуларни меѓу луѓето што добро ги познаваат морските плодови. Содржат големо количество јод и фосфор, кои го поттикнуваат создавањето на вагиналниот секрет, што ги прави добитна комбинација за двата пола.
Есенцијални масни киселиниГи има во семчестите плодови, оревите, лосос и во маргаринот од кикиритки. Го помагаат работењето на сексуалните органи и половите жлезди. Исто така, го помагаат создавањето на сексуалните хормони и адреналинот и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.ВитаминиВитамиот Е е познат како витамин на сексот затоа што се смета за голем извор на енергија, а особено се препорачува кога треба да ја зголемите вашата сексуална издржливост. Важен е и за производството на спермата и создавањето на хормоните на сексот. Најприсутен е во јајцата, оревите и интегралните житарки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Познатата „Бејби“ од „Валканиот танц“ во секси бикини: Годините не и можат ништо
Холивудската актерка Џенифер Греј (65) сега е во средината на седумдесеттите години, но тоа не ја спречува да го вжешти расположението на социјалните мрежи со фотографии во костим за капење.
Таа неколку пати се појави на настани во специјални изданија и секогаш добиваше комплименти за својот изглед.
Во една од нејзините најнови објави, познатата Бејби ужива на плажа со пријателка, па објави фотографии во костим за капење. Позираше и во едноделен и во модерен црн бикини кој ги истакнуваше нејзините облини.
„Долгоочекуван женски излет. Се смеевме како повторно да сме во средно училиште“, напиша актерката во описот.
Поминаа толку многу години откако светот се заљуби во неа во „Валканиот танц“ (1987), а Џенифер сè уште изгледа како девојката од пред неколку децении. Тогаш, таа немаше поим дека текот на нејзината кариера ќе се промени на почетокот на деведесеттите години кога направи операција на носот.
Цртите на лицето што ја правеа толку препознатлива и сакана од сите – исчезнаа тогаш, а со нив и Џенифер Греј.
Сепак, таа го задржа своето место и сега, благодарение на социјалните мрежи, успева да ги воодушеви луѓето, ако не со своите улоги, тогаш барем со својот неверојатен изглед.
Забава
(Видео) Кејт Хадсон во тесен фустан на доделување на награди, но еден дијамант го украде вниманието
Актерката Кејт Хадсон редовно е во центарот на вниманието, главно поради нејзините провокативни изјави за медиумите, но понекогаш сака да додаде допир на чуден моден стил во комбинацијата.
Неодамна таа воодушеви на доделувањето на Златните глобуси во винтиџ фустан со својот вереник, Дени Фуџикава.
Кејт може да биде провокативна и резервирана, но и елегантна. На церемонијата на доделување награди одржана во Беверли Хилс, актерката воодушеви во темно сина фустан украсен со големи кристали и со откриени рамена.
Таа додаде црни високи потпетици на својот моден изглед, а косата лежерно ја врза со шнола и уживаше во сите блескави моменти што беа насочени кон неа.
Многумина го забележаа накитот што го носеше актерката, а нејзиниот дијамантски веренички прстен особено се издвојуваше.
Некој се пошегува и дека актерката сега ги вежба своите појавувања на црвениот тепих, со оглед на тоа што беше номинирана за Оскар за нејзината улога во филмот „Song Sung Blue“.
Забава
Нивното друго име е неволја: Овие хороскопски знаци не можат без проблеми
Некои луѓе се чини дека се магнетски привлечени од комплицирани ситуации. Каде и да се појават, нешто се комплицира, расправиите се загреваат или плановите одат во непредвидливи насоки.
Понекогаш станува збор за импулсивност, понекогаш за потребата од возбуда, а понекогаш едноставно за тоа што не знаат како да запрат на време. Астрологијата открива кои три хороскопски знаци најверојатно ќе завршат во средината на проблеми – и тоа најчесто.
Овен
Овните дејствуваат брзо, честопати без долго да размислуваат за последиците. Нивната храброст и преземање ризик можат да ги доведат во ситуации што другите мудро би ги избегнувале. Кога ќе почувствуваат предизвик, тие реагираат инстинктивно, и токму оваа импулсивност често им предизвикува проблеми, без разлика дали на работа, во љубов или во пријателства.
Близнаци
Близнаците ги сакаат информациите, озборувањата и динамичните врски. Нивната љубопитност често ги води во туѓи приказни и ситуации што можеби воопшто не ги засегаат. Понекогаш тие кажуваат повеќе отколку што треба, а недоразбирањата брзо се претвораат во сериозни компликации. Тие не бараат проблеми намерно, туку лесно ги наоѓаат.
Стрелец
Стрелците ја сакаат слободата и авантурата. Тие не можат да поднесат ограничувања и ги гледаат правилата како предизвик. Затоа често ги преминуваат границите, без разлика дали се на работа, во врски или во секојдневни ситуации. Нивната искреност може да биде брутална, а последиците понекогаш доаѓаат побрзо отколку што очекуваат.

