Македонија
Честитка од министерот Јолевски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод празникот 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упатува искрени честитки до сите припадници на Армијата на Република Македонија и сите граѓани на Република Македонија.
„Денес е денот кога пред повеќе од еден век преку создавањето на македонската револуционерна организација се потврди и идеалот за создавање на независна и засебна Македонија. Стремежот на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија отсекогаш биле мирот, демократијата, слободата и еднаквоста. Тие се нераскинлив дел од нашата свест и нашето постоење. Изразувајќи благодарност до сите оние кои се бореле за овие идеали, министерот Јолевски, ја истакнува определбата Македонија да биде уште понапредна, уште поразвиена и уште побезбедна.
„Во тој дух, припадниците на Армијата на Република Македонија, се цврсто определени, со сето свое знаење и умеење да го бранат територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и цивилизациските вредности врз кои е изградена нашата татковина. Македонските мировници придонесуваат слободата, мирот и демократијата да бидат столб и на општествата каде се распределени во мировни мисии“, истакнува министерот Јолевски.
По повод празникот, министерот Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески денес ќе положат венци со свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација, во Скопје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

