Економија
„Бизнис 365“ – нова емисија за бизнис на МТВ
„Бизнис 365“ е новата емисија на Македонскиот национален сервис која премиерно стартува во понеделник, 11 февруари во вечерниот термин во 21.30 на МТВ1.
Економски анализи, финансиски актуелности, како и екпертски прогнози за 356 дена во година се темите што ќе се обработуваат секој понеделник, поддржани со дебати, интервјуа со релевантни гости, но и приказни од терен кои ќе ја отсликаат состојбата во бизнис секторот.
Автор и уредник на „Бизнис 365“ е новинарката со огромно искуство во микро и макро економските теми, Билјана Василевска Трендафилова.
„Предизвик е да се истражува светот на бизнисот, да се открие што ги мачи менаџерите, но и да се анализира како во време на глобална криза,преживува македонското стопанство. И не само за проблемите, ќе се информира и за успешните компании, оние на кои бизнисот добро им оди. Дали успехот е резултат на добро менаџирање и како светските корпорации се справуваат со ризиците и предизвиците“, изјави авторот на емисијата, Билјана Василевска Трендафилова.
Во првата емисија, ќе се обработат очекувањата за економијата во 2013 година, како и влијанието на засилената глобална конкуренција, технолошките промени, флуктациите на валутите, дерегулацијата и промените кои секојдневно настануваат како и предвидувањата за нивниот ефект врз македонскиот бизнис сектор.
„Бизнис 365“ е во продукција на Македонската телевизија како дел од новата програмска шема, а покрај уредникот Билјана Василевска Трендафилова, позади емисијата ќе работи тим од етаблирани новинари и познавачи на економските состојби во Македонија и пошироко. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

