Македонија
Комеморација за жртвите во Првата светска војна
Комеморација за сите паднати жртви во Првата светска војна, по повод 100 години од почетокот на војната, ќе се одржи во недела вечер пред споменикот на паднатите херои за Македонија, наспроти Собранието на Република Македонија.
На комеморацијата, која се организира во соработка со Амбасадата на Република Италија, ќе се обрати директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев, а ќе биде изведена и композицијата „Il Silenzio“ (Тишина), соопшти Министерството за одбрана.
Настанот се организира во очи на денот (28-ми јули) кога пред сто години започнала Првата светска војна, дотогаш невидена во историјата на човештвото, во која загинале повеќе од 10 милиони луѓе.
„Комеморацијата по повод стогодишнината од Првата светска војна претставува хуман чин преку кој Македонија заедно со други држави засегнати од оваа војна се вклучува во активностите организирани на меѓународно ниво. Со оваа комеморација, нашата држава дава почит кон паднатите борци и жртвите во Македонија, но и на сите воени и цивилни загуби и страдања во светски рамки“, велат од Министерството за одбрана.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5 во Штип и Крива Паланка, -4 во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 во Прилеп и Куманово, -2 во Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 0 во Охрид и Претор.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 во Маврови Анови, 31 во Крушево, 22 во Битола, 20 во Дебар, 15 во Тетово, 11 во Штип, 10 во Берово, 8 во Демир Капија, 6 во Прилеп, 3 во Крива Паланка и Претор, 1 во Струмица.
Времето денеска
Сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност и со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Скопје
Дел од Карпош денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради отстранување дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол ) на улицата Ванчо Мицков бр. 18, општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Даути поднесе оставка по интерпелацијата
Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија.
Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на седницата Даути ја образложи својата оставка.
Од Европскиот фронт посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на Илире Даути и го осудија потегот на Гаши.
Од „Влен“ попладнево велат дека оставката е признавање на слабост и показател за неодговорност.
„Илире Даути, позната во својот клуб како челичната дама, денеска стана ‘рѓосана заедно со целиот Европски Фронт, прифаќајќи ја нејзината оставка и жалејќи што помогнала да се блокира Законот за бранителите. Иако главниот товар за оваа блокада го понесе претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ВЛЕН и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин“, велат од „Влен“.
Од тука потсетија дека како пратеничка група гласаа против интерпелацијата на Илире Даути, а таа самата ce разрешила за да биде виктимизирана, затоа што тоа е единствената улога што знае најдобро да ја одигра.
„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за Бранителите. Таа врескаше во Собранието со зборовите: ‘гонете се’, додека не замина сама. Илире, кога не си способна и немаш потенцијал да ја водиш Комисијата, најдобро е по твојата оставка од Комисијата да следи и оставка од Собранието“, додаде „Влен“.