Контакт

Општество

Форум за безбедноста на Маршаловиот центар во Македонија

Објавено пред

Од средата па до недела (30-ти август) во хотелот „Белведере“ во Охрид се одржува традиционалниот Форум за безбедност во организација на Маршаловиот центар од Република Македонија на тема „Транснационалните закани: Одговорот на НАТО и нациите“.

dobivaj vesti na viber

Форумот е резултат на континуираната работа на македонската асоцијација на Маршал центар која традиционално веќе трета година го организира безбедносниот форум во Охрид. Целта на Форумот е вмрежување на невладиониот сектор, како и градење одржливи капацитети на безбедносните заедници на државите од Западен Балкан на сегашните и идните лидери кои како дел од безбедносната заедница работат на прашања поврзани со транснационалните закани.

На работилницата ќе бидат разгледувани темите за новите безбедносни закани и одговорот на НАТО, како и за националните стратегии за справување со новите безбедносни закани, како што се тероризмот; организираниот криминал и корупцијата; енергетската безбедност и безбеднооста на животната средина и сајбер заканите.

Како резултат на дискусиите од Форумот ќе произлезат препораки за НАТО и владите на државите од регионот за справување со транснационалните закани.

На настанот ќе присуствуваат четириесетина експерти од земјите од регионот, универзитетски професори, политичари, претставници на НАТО и на дипломатскиот кор во Македонија. Форумот треба да го отвори министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Поддршка за организација на настанот дадоа: Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Гармишпартенкирхен, Германија, НАТО Колеџот во Рим и Министерството за одбрана на Република Македонија./крај/мф/бб

 

Извор: Макфакс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија1 час

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија1 час

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија3 часа

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија4 часа

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...

Македонија5 часа

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче, со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска, ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, извести СДСМ....

Македонија5 часа

(Видео) Тошковски: Договорено заемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на...

Европа5 часа

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од половина од поголемиот...

Свет7 часа

Трамп воведува огромни царини за Кина, Пекинг одговори

Ниту САД, ниту Кина нема да ја добијат трговската војна, одговори кинеската амбасада во Вашингтон во понеделникот на заканата на...

Свет7 часа

Белата куќа: Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во...

Свет7 часа

Ердоган: Збеснатата влада на Нетанјаху е како сериски убиец

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди постапките на израелската влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост,...

Економија23 часа

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....

Македонија1 ден

Почина владиката Тимотеј

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј починал денеска во болница. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето, објави „Религија.мк“....

Македонија1 ден

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ1 ден

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет1 ден

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...

Македонија1 ден

Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата

Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред...

Свет1 ден

(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот...

Македонија1 ден

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи...

Европа1 ден

Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина....