Забава
Во вечера нашла глава од змија

Австралијка во вреќичка со замрзнат зеленчук, купена во супермаркет нашла глава од змија
„Кога ја отворив вреќичката видов нешто, но не бев сигурна што е тоа. Мислев дека станува збор за камен бидејќи беше тврдо“, рекла Ернестина Џејмисон во Тексас.Но по внимателно разгледување целото семејство дека зеленкасто-црниот предмет кој се нашол во нивната вечера е всушност глава од змија. Децата на Ернестина многу се исплашиле и почнале да врескаат, а најстарата 15-годишната Сара ја земала камерата и го снимила неочекуваниот призор. „Видов големи очи, со отворена уста и исплазен јазик, изгледаше како да е подготвена за напад“, раскажала Ернестина за MyFoxPhoenix.Производители на зеленчукот во кој се нашла главата од змијата и понудил 150 долари, но Австралијката ги одбила парите. Во писмото што и’ го испратил Pictsweet, се отфрла секоја одговорност и се нагласува дека главата не е од змија туку од жаба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Добрата фризура може многу да направи за убавината: што треба да избегнувате ако имате над 50 години

Добрата фризура може многу да направи за убавината, да ги скрие недостатоците, да ги истакне адутите, да ве подмлади, но ако не е соодветна бојата и формата може да нè направи да изгледаме постари.
Есенските трендови диктираат различни фризури, а можете ли да најдете нешто за себе меѓу предлозите? А ако веќе сте влегле во педесеттите години, кои фризури и бои за коса треба да ги избегнувате?
Боја на коса
Според списанието „The Voice“, сите дами во категоријата 50+ треба да заборават на темните бои за коса! Црната, темно кафеавата, па дури и темно црвената ќе ве направат да изгледате постари, и не само тоа!
Овие бои ќе ја нагласат секоја неправилност, секоја брчка на вашето лице, а тоа е нешто што дефинитивно сакате да го избегнете.
Советот на експертите е да изберете посветли нијанси, меки прамени што изгледаат што е можно поприродно или, како што би рекол нашиот народ – „како да сте осветлени од сонцето“.
Без строги линии
Кога станува збор за фризури, треба да се држите подалеку и од „строги“ линии. Тие ги истакнуваат цртите на лицето, а ако имате над 50 години, без разлика колку сте горди на вашата убавина, ова не е добра идеја.
Исто како и несоодветната боја, строгата фризура ќе ја истакне секоја ваша брчка. Се препорачува да изберете градуирани фризури, шишките што ги покриваат линиите на челото се исто така добар избор.
Ако имате кадрици, градуираната фризура е најдобрата опција, ќе даде волумен на вашата коса (ретката коса е уште една негативна страна на стареењето).
Ако вашиот врат е проблематично подрачје, одлучете се за коса со средна должина, која нежно паѓа до рамената, но е уредна.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Безос малку се „опушти“ по свадбата, но неговата сакана сè уште „пука од сексапил“

Основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата сакана Лорен Санчез уживаат во животот и бракот.
Папараците неодамна ги фотографираа пред ресторан во Западен Холивуд, а вљубените, покрај нивните блескави насмевки, ги покажаа и квалитетите на брачниот живот.
Се чини дека Безос малку се „опуштил“ по свадбата. Тој ја покажа својата брада која штотуку почнала да расте, а досега не сме го виделе во тоа издание јавно.
Што се однесува до стајлингот, тој се одлучи, како и претходно, за црно издание – од глава до пети.
Од друга страна, неговата сакана сопруга сè уште „пука“ од сексапил. Лорен носеше кафеав фустан со бели реси и интересни детали на долниот дел.
Фустанот имаше длабоко деколте, и на тој начин госпоѓа Санчез Безос, по којзнае кој пат, ги истакна своите гради.
Таа го комплетираше изгледот со брановидна фризура и минимална шминка во земјени тонови.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Се ожени синот на Шварценегер: невестата блесна во класична бела венчаница

Актерот Патрик Шварценегер и Аби Чемпион решија да ја официјализираат својата врска и на интимна церемонија покрај езерото Кер д’Ален си се заколнаа на вечна љубов.
Свадбата беше организирана за семејството и пријателите, а според списанието „Пипл“, невестата блескаше во класична бела венчаница, додека младоженецот носеше елегантно бело сако и црни панталони.
На свадбата присуствуваа родителите на Патрик, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, сестрата Кетрин Шварценегер Прат со нејзиниот сопруг Крис Прат, како и братот Џозеф Бин. Среќната двојка беше поддржана и од родителите на Аби, Лора и Грег Чемпион.
Patrick Schwarzenegger marries longtime girlfriend Abby Champion in lavish Idaho weddinghttps://t.co/ZnLPdjwB39
— BREAKING NEWZ Alert (@MustReadNewz) September 7, 2025
Меѓу познатите лица на списокот на гости беа актерот Роб Лоу, како и Џејсон Исак, колегата на Патрик од популарната серија „Бел лотос“. Церемонијата се одржа на ранчот „Гозер“, кој двојката го посети неколку пати.
Романтичната врска на Патрик и Аби првпат беше откриена во септември 2015 година, а тие ја потврдија својата врска на Инстаграм во февруари 2016 година. Веста за нивната свршувачка ја објавија во декември 2023 година.
Аби Чемпион е модел која работела за големи брендови, па дури и неколку пати снимала реклами за модни брендови со своето момче.
фотo: принтскрин