Култура
Индиските милијардери загубија 60 насто од имотот
Финансиската криза во светот удри и по џебот на најбогатите луѓе воИндија.
Финансиската криза во светот удри и по џебот на најбогатите луѓе воИндија.
Вкупно 40 индиски милијардери, меѓу кои се и некои од најбогатите луѓе насветот, во финансиската криза загубија заедно 60 насто од имотот.
Пазарите на хартии од вредност во изминатите 12 месеци загубија 48 проценти, аиндиската рупија во однос на доларот се намали за 24 насто, што предизвиканамалување на имотот на најбогатите за 60 проценти, пишува магазинот Форбс.
Според истиот извор имотот на индиските милијардери се намалил од 351 милијардадолари на 139.
Најбогат Индиец и натаму е Мукеш Амбани со имот од 20,8 милијарди долари, иакодосега загуби 28,2 милијарди долари.
Од друга страна, според податоците на Светската банка во Индија живеат околу620 милиони луѓе со помалку од два долари на ден./крај/фи/мп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Сашко Коцев ја доби наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност
Советот на фестивалот Денови на комедија Куманово во состав Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски одлучија наградата „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата да му припадне на актерот Сашко Коцев.
Култура
Биста на Томас Транстромер во седиштето на Струшките вечери на поезијата
Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, во седиштето на Струшките вечери на поезијата, вчера била откриена биста на Томас Транстромер, добитникот на Златниот венец во 2003 година.
Националната установа Струшки вечери на поезијата денеска информира дека автор на делото е академскиот вајар Сокол Цфарку, а е донација од македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и неговата сопруга Пирко Т. Киленен.
Монографијата со избрани песни од Томас Транстромер, според директорот на СВП, Тодорче Тасевски, е мостот што ги зближува двете култури и жив паметник на силата на поетскиот збор, како на авторот, така и на препејувачот.
„Од денес, имаме уште еден споменик отелотворен во ова прекрасно дело од нашиот истакнат акедемски вајар Сокол Цфарку, кој исто така мајсторски го долови ликот на Томас Транстромер“, истакнал Тасевески.
На настанот, како што е наведено, биле прочитани песни од Томас Транстромер на македонски и на шведски јазик, а меѓу присутните биле гости од Шведска, под водство на Антонијо Трпeвски и покровителство на Дан Олофсон, познат шведски бизнисмен и филантроп. Присуствувал и Миодраг Станковски, преведувачот на Томас Транстромер од шведски на македонски јазик и неговата сопруга Мариан Станковски.
Томас Транстромер е еден од најпознатите шведски поети. Неговата поезија се карактеризира со чувството на мистерија и на чудо под површината на рутината на секојдневието, што им дава една религиозна димензија на неговите песни. Роден на 15 април 1931 година, а починал на 26 март 2015 година. Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2003 година, а добитник на Нобеловата награда за книжевност во 2011 година.
Култура
Македонската изворна музичка ризница претставена во Рим на манифестацијата „Ден на Светите Кирил и Методиј“
Со концерт на Националната установа Камерен оркестар на Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска, во салата „Балдини“ во Рим, вчеравечер, се одржа културната програма во рамки на традиционалната манифестација „Ден на Светите Кирил и Методиј“.
На концертот на нашите уметници на кој присуствуваа и членовите на државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, беа исполнети македонски изворни песни, сплет од староградски песни за Битола, византиски песни и други дела од богатата македонска изворна музичка ризница.
Пред концертот, присутните во салата ги поздрави заменик-министерот за култура Онур Али кој говореше за духовната врска меѓу Ватикан и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело го поврзаа Истокот и Западот и оставија богато наследство за човештвото.
-За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето на нивната мисија треба да биде достојно, достоинствено и далекугледо. Тие не создадоа писмо, азбука, збор за поделби. Тие се дадоа себе за да создадат универзално добро. Не случајно Ватикан ги прогласи за Патрони, Заштитници на Европа, а нивните дела за цивилизациска вредност, рече заменик-министерот Али.
Тој додаде дека во духот на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, Северна Македонија, преку културата и уметноста, културно наследство кое го поседува, политиките кои ги води за толеранција, дијалог за различностите, развој на интеркултурализмот, создавање услови за европеизација на културниот контекст, подготвено се соочува со предизвиците на новото време и забрзано се доближува до модерна Европа.
По повод чествувањето на сесловенските просветители денеска ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, а програмата на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“ ќе биде заокружена со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика „Санта Марија Маџоре“.