Црна хроника
Тинејџер во Кичево расечен од својата девојка

Тинејџер бил донесен со расекотина на слабината и рака во болницата во Кичево, од каде ја известиле полицијата за случајот, во саботата.
Имено, во саботата околу 2.10 часот во полициската станица Кичево, телефонски од болницата во Кичево било пријавено дека кај нив бил донесен Џ.С.(19) од Кичево, со повреда од нож во вид на расекотина во пределот на слабината и левата надлактица, кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Кичево, при што било констатирано дека околу 1.30 часот во Кичево на ул „М.Јовески“, Џ.С. кој бил во алкохолизирана состојба започнал расправија со 16-годишна малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница по што физички ја нападнал.
Во еден момент, таа зела нож кој бил на масата и со него го удрила во пределот на левата рака, во надлактицата и во пределот на слабината, нанесувајќи му повреда, а потоа Џ.С. земајќи и го ножот од рака и нанел расекотина на десната рака, по што го фрлил во ходникот од станот, излегол и се упатил во болницата во Кичево.
Полицијата го нашла ножот кој е даден за вештачење. Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на родител за што бил известен и работник од Центарот за социјални работи Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрвокрадци фатени во Старо Нагоричане, се обиделе да избегаат и прегазат полицајци

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода две лица од Куманово, откако претходно не им дозволиле да извршат контрола на камион натоварен со огревни дрва, физички ги нападнале, а потоа се обиделе да ги прегазат со возилото.
Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил вчера во 22:30 часот кај село Макреш, Општина Старо Нагоричани.
-На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата, стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кавадарчанец бил удрен со возило во дворот

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил удрен од возило во неговиот двор.
„Рано утрово во 00:30 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Н., 53-годишен кавадарчанец, пријавил дека синоќа околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом, бил удрен од патничко возило, што го управувал Д.С., при што се здобил со повреди“, појаснија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
53-годишен пешак од Украина загина кај граничниот премин Долно Блаце

22-годишната Б.С. од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина, кој подоцна им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце кога 22 годишната девојка удрила во 53-годишниот Украинец.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница. За жал, во 20:20 часот лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните околности на трагедијата.
Б.С., исто така се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот.