Економија
Македонија има стратегија за извоз на свежо овошје и зеленчук
Стратегиските маркетинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и зеленчук во понеделник беа официјално промовирани.
Плановите ги изработија Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, АгБиз програмата на УСАИД и Владината холандска агенција ЦБИ (Центар за промоција на увозот од земјите во развој) во соработка со компанијата Македонија Експорт.
Како што изјави Игор Велевски од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р. Македонија, во период од една година биле реализирани шест работни сесии од кои и произлегол маркетинг планот за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработки од овошје и зеленчук.
„Секој вредносен синџир идентификува по пет потенцијални извозни пазари кадешто македонските производи би имале најголема компетитивна предност. За извоз на свежо овошје и зеленчук беа селектирани пазарите: Србија, Русија, Словенија, Германија и Канада, додека за преработки од овошје и зеленчук пазарите: Србија,Чешка, Русија, Бугарија и БиХ”, додаде Велевски.
Во процесот на изработка на овие документи директно учествуваа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија на Република Македонија, како и други релевантни институции, претставници на стопанските комори и извозно ориентираните компании од двата подсектори.
„Маркетинг планот за извоз на свежо овошје и зеленчук, се од огромно значење и ќе придонесат за зголемување на потенцијалите за извоз на земјоделски прозводи и нивни преработки. Главниот резултат на овој процес претставува дефинирање на таргет пазарите со најголем извозен потенцијал за македонските производители”, изјави министерот за економија, Ваљон Сараќини.
На настанот свое обраќање имаа и Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, Амбасадорката на Холандија Марриет Шурман и Џозев Лесард од УСАИД Македонија.
Сите присутни го истакнаа големиот капацитетот кој го има земјата за промоција на извоз и ги поздравија овие активности како одлична алатка за успешен извоз на македонските производи.
Заклучоците од овие маркетинг планови се планира да бидат интегрирани во Годишната програма за работа на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, во делот на поддршка на промоција на извозот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

